Canon LV-S300

LV-S300

Ви претставуваме квалитет на слика од Canon со нова цена - достапниот пренослив проектор LV-S300 нуди светли и јасни слики со SVGA резолуција. Долгиот век на траење на лампата и едноставното одржување овозможуваат намалени трошоци за користење.

Придобивки

  • Проектирајте јасни слики со SVGA резолуција (800 x 600 пиксели)
  • Светлина од 3000 лумени и сооднос на контрастот од 2300:1 за јасни и живописни слики
  • Објектив со 1,1x зум кој овозможува флексибилна инсталација на проекторот
  • Директното исклучување го елиминира долгото чекање при исклучувањето
  • Компактен и лесен: само 2,5kg
  • Вертикална трапезоидна корекција
  • Траење на лампата до 5000 часа (6000 часа во еко режим)
  • 2 x VGA приклучока
  • Вграден звучник од 2W

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon LV-S300

Светли, остри и реални слики


Купувачите со ограничен буџет на кои им е потребен осветлен и висококвалитетен пренослив проектор за исклучително ниска цена, ќе бидат пријатно изненадени од LV-S300. Со стандардна SVGA резолуција (800 x 600 пиксели), LV-S300 ѝ овозможува на публиката да ужива во јасни слики во опкружувања како простории за состаноци и училници. Светлината од 3000 лумени и соодносот на контрастот од 2300:1 на проекторот се импресивни за неговите компактни димензии, а неговата DLP технологија создава остри и прецизни слики. Добијте поголема флексибилност при инсталацијата на проекторот со објективот со зум од 1,1x – што претставува значителна предност во помали опкружувања како простории за состаноци.

Практичен за транспорт


Со тежина од само 2,5kg, LV-S300 е доволно лесен за да се пренесува на различни локации. Тоа го прави одличен избор за мали канцеларии или училишта на кои им е потребен проектор со исклучителна вредност кој може да се користи во повеќе различни простории и опкружувања. Функцијата за директно исклучување ви овозможува да го откачите кабелот за напојување веднаш по исклучување на проекторот, така што ќе можете да го пренесувате без да чекате да се олади.

Едноставен за поставување


Сликите ќе ја задржат совршената геометрија дури и во мали простории со помош на вертикалната (+/- 30 степени) трапезоидна корекција. Ако сакате дополнителна помош за да добиете одлични резултати во опкружувања без екран, користете ја функцијата за корекција на бои на екранот. Таа врши компензација за прелевање на боите кое се појавува кога сликите се проектираат на ѕидови во боја – така што ќе можете да гледате јасни проектирани слики со природни бои, дури и кога немате екран на располагање.

Намалете ги трошоците, но не и квалитетот


Освен ниската продажна цена на LV-S300, неговите вкупни трошоци за одржување дополнително се намалуваат со векот на траење на лампата до 5000 часа, кој може да се продолжи до 6000 часа доколку се користи еко режимот кој заштедува енергија. Освен тоа, еко режимот дополнително ја намалува потрошувачката на енергија до 275W. Проекторот троши помалку од 1W во режим на подготвеност. Исто така, еко режимот ви овозможува да добиете тивко опкружување без бучава преку намалување на шумот на вентилаторот до само 29 dBA.

Разновидно поврзување


Проектирајте фотографии и видео материјали од различни извори користејќи го флексибилниот избор на влезови кај LV-S300 – вклучувајќи и два VGA приклучока. Додајте висококвалитетен звук на презентациите со помош на вградениот звучник од 2W.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LV-S300, неговите функции и можности.

DLP

DLP