Canon LV-WX300ST

LV-WX300ST

Проектирајте живописни слики во широк формат на кратко растојание со LV-WX300ST од Canon. Овој компактен проектор со кратка оддалеченост на проекција нуди стандардна WXGA резолуција, HDMI влез и лесно поставување, поради што претставува флексибилен уред со неверојатни перформанси.

Придобивки

  • Добијте јасни слики во широк формат со стандардната WXGA резолуција (1280 x 800 пиксели)
  • Уживајте во живописна слика со светлина од 3000 лумени и сооднос на контрастот од 2300:1
  • Прикажувајте поголеми слики од помало растојание на проекција со соодносот на проектирање од 0,49:1
  • Висококвалитетен објектив со мало фиксно растојание на проекција од 1,0x
  • Компактен и лесен: само 2,8kg
  • Вертикална трапезоидна корекција од -18° / +12°
  • Траење на лампата до 4000 часа (6000 часа во еко режим)
  • HDMI™ приклучок и 2 x VGA приклучока
  • Мрежен приклучок RJ-45 за далечинска контрола и следење
  • Вграден звучник од 10W

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon LV-WX300ST

Светли, остри и реални слики


LV-WX300ST е совршен за купувачите кои сакаат осветлен и висококвалитетен проектор со кратка оддалеченост на проекција по достапна цена. Со стандардна WXGA резолуција (1280 x 800 пиксели) со широк формат, светлина од 3000 лумени и сооднос на контраст од 2300:1, технологијата DLP на проекторот создава остри и прецизни слики. Соодносот на проектирање од 0,49:1 нуди многу нови можности за инсталирање, преку значително намалување на потребното растојание помеѓу проекторот и екранот. Инсталацијата станува полесна, презентерот не се оптоварува со проекторот, а сенките на сликата лесно се елиминираат.

Практичен за транспорт


Со тежина од само 2,8kg, LV-WX300ST е доволно лесен за да се пренесува на различни локации. Тоа го прави одличен избор за деловни и образовни установи кои имаат потреба од проектирање на повеќе локации низ универзитетскиот комплекс или деловните канцеларии. Можноста за проектирање на кратка оддалеченост е идеална за мали и пренатрупани опкружувања во кои инсталирањето на стандарден проектор може да биде предизвик.

Едноставен за поставување


Погрижете се сликите да ја задржат совршената геометрија дури и во мали простории, со помош на вертикалната трапезоидна корекција (-18/+12 степени). Ако сакате дополнителна помош за да добиете одлични резултати во опкружувања без екран, користете ја функцијата за корекција на бои на екранот. Таа врши компензација за прелевање на боите кое се појавува кога сликите се проектираат на ѕидови во боја – така што вашата публика ќе ужива во јасни проектирани слики со природни бои, дури и кога немате екран на располагање.

Намалете ги трошоците, но не и квалитетот


Вашите вкупни трошоци за одржување ќе бидат минимални благодарение на векот на траење на лампата кај LV-WX300ST до 4000 часа, кој може да се продолжи до 6000 часа доколку се користи еко режимот кој заштедува енергија. Освен тоа, еко режимот дополнително ја намалува потрошувачката на енергија до 270W. Проекторот троши помалку од 1W во режим на подготвеност (со исклучен LAN). Исто така, еко режимот ви овозможува да добиете тивко опкружување без бучава преку намалување на шумот на вентилаторот до само 29 dBA. Освен тоа, нема воздушни филтри за чистење или заменување, поради што одржувањето е многу лесно.

Разновидни опции за поврзување


Проектирајте фотографии и видео материјали од голем број различни извори користејќи го обемниот избор на влезови кај LV-WX300ST. Користете го влезниот HDMI™ приклучок за да проектирате светли и остри слики од денешните дигитални извори, вклучувајќи Blu-ray disc плеери и лаптопи или, пак, воспоставете врска преку еден од двата VGA приклучока без напор. LV-WX300ST може да се следи и контролира далечински преку приклучокот RJ-45, а нуди поддршка и за стандардот ‘Crestron Connected™’. Додајте висококвалитетен звук на презентациите со помош на вградениот звучник од 10W.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LV-WX300ST, неговите функции и можности.

DLP

DLP

Crestron

Crestron

HDMI Port

HDMI приклучок

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард