Canon LV-X300

LV-X300

Проектирајте светли и детални слики во класичен сооднос на слика од 4:3 со LV-X300 од Canon. Проекторот нуди сигурно и тивко функционирање, XGA резолуција, HDMI влез и има компактни димензии.

Придобивки

  • Уживајте во прецизни слики со класична XGA резолуција (1024 x 768 пиксели)
  • Добијте светли и живописни проекции со светлина од 3000 лумени и сооднос на контрастот од 2300:1
  • Објектив со 1,1x зум кој овозможува флексибилна инсталација на проекторот
  • Компактен и лесен: само 2,5kg
  • Вертикална трапезоидна корекција
  • Траење на лампата до 5000 часа (6000 часа во еко режим)
  • HDMI™ приклучок и 2 x VGA приклучоци
  • Мрежен приклучок RJ-45 за далечинска контрола и следење
  • Вграден звучник од 10W

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon LV-X300

Светли, остри и реални слики


Купувачите кои сакаат осветлен и висококвалитетен пренослив проектор, но имаат ограничен буџет, ќе бидат пријатно изненадени од LV-X300. Со стандардна XGA резолуција (1024 x 768 пиксели), светлина од 3000 лумени и сооднос на контраст од 2300:1, технологијата DLP на проекторот создава остри и прецизни слики. Добијте поголема флексибилност при инсталацијата на проекторот со објективот со зум од 1,1x кај LV-X300 – што претставува значителна предност во помали опкружувања како простории за состаноци.

Практичен за транспорт


Со тежина од само 2,5kg, LV-X300 е доволно лесен за да се пренесува на различни локации. Тоа го прави одличен избор за деловни и образовни установи кои имаат потреба од проектирање во повеќе простории низ универзитетскиот комплекс или деловните канцеларии.

Едноставен за поставување


Сликите ќе ја задржат совршената геометрија дури и во мали простории со помош на вертикалната (+/- 30 степени) трапезоидна корекција. Ако сакате дополнителна помош за да добиете одлични резултати во опкружувања без екран, користете ја функцијата за корекција на бои на екранот. Таа врши компензација за прелевање на боите кое се појавува кога сликите се проектираат на ѕидови во боја – така што ќе можете да гледате јасни проектирани слики со природни бои, дури и кога немате екран на располагање.

Намалете ги трошоците, но не и квалитетот


Вкупните трошоци за одржување се минимални благодарение на векот на траење на лампата кај LV-X300 до 5000 часа, кој може да се продолжи до 6000 часа доколку се користи еко режимот кој заштедува енергија. Освен тоа, еко режимот дополнително ја намалува потрошувачката на енергија до 275W. Проекторот троши помалку од 1W во режим на подготвеност (со исклучен LAN). Исто така, еко режимот ви овозможува да добиете тивко опкружување без бучава преку намалување на шумот на вентилаторот до само 29 dBA.

Разновидни опции за поврзување


Проектирајте фотографии и видео материјали од голем број различни извори користејќи го обемниот избор на влезови кај LV-X300. Користете го HDMI™ приклучокот за да проектирате светли и остри слики од денешните дигитални извори, вклучувајќи Blu-ray disc плеери и лаптопи. Или, пак, воспоставете врска преку еден од двата VGA приклучока без напор. LV-X300 може да се следи и контролира далечински преку приклучокот RJ-45, а нуди поддршка и за стандардот ‘Crestron Connected™’. Додајте висококвалитетен звук на презентациите со помош на вградениот звучник од 10W.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LV-X300, неговите функции и можности.

DLP

DLP

Crestron

Crestron

HDMI Port

HDMI приклучок

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард