Овој пренослив WXGA проектор со проекција на мала оддалеченост е лесен, компактен и прикажува осветлени широкоаголни слики на кратки растојанија. Компатибилноста со MHL, HDMI и мрежниот приклучок го прават флексибилен и висококвалитетен избор за корисниците кои сакаат мали трошоци.
Подетално разгледување на Canon LV-WX310ST
За корисниците со ограничен буџет на кои им е потребен пренослив проектор за осветлена широкоаголна проекција на мала оддалеченост, LV-WX310ST од Canon претставува вистински избор. Уживајте во прецизни, остри и широки слики благодарение на стандардната WXGA резолуција (1280 x 800 пиксели) и соодносот на слика од 16:10. Живописните бои и длабоките црни тонови се добиваат благодарение на светлината од 3.100 лумени и соодносот на контрастот од 10.000:1 на проекторот. Соодносот на проектирање од 0,49:1 и наменскиот фиксен објектив за проекција на мала оддалеченост со 1,0 x создаваат голем избор на опции за поставување - како проектирање слика од 2,5m на оддалеченост од само 1,22m. Во комбинација со технологијата за DLP панели која го подобрува квалитетот на оригиналната слика, LV-WX310ST нуди добитна комбинација од квалитет и вредност за вложените пари.
Сликите се геометриски прецизни благодарение на вертикалната и хоризонталната трапезоидна корекција од +/- 15°. Во опкружувањата со силна природна светлина или на места каде што треба да се проектира на обоени површини, функцијата за корекција на боите што се прикажуваат ќе ви помогне да уживате во светли слики и природни бои. Прилагодување на боите во 6 оски ви нуди прецизна контрола врз нијансите, заситувањето и други важни параметри што ќе ви помогнат да проектирате прекрасни слики во речиси секакви услови.
Уживајте во флексибилноста за проектирање висококвалитетни слики од различни извори благодарение на изборот на влезови на LV-WX310ST. Влезниот HDMI приклучок ќе ви овозможи да го искористите излезниот HDMI приклучок на вашиот лаптоп за да уживате во поостри и подетални слики, а прекрасните 3D содржини се репродуцираат едноставно преку системот DLP-Link. Компатибилноста со MHL нуди дополнителна практичност и ви овозможува да проектирате од сите таблет-уреди и паметни телефони кои поддржуваат MHL преку HDMI приклучокот на проекторот. Поврзувањето, контролата и одржувањето преку ИТ мрежа е многу едноставно благодарение на мрежниот приклучок RJ-45, со кој се минимизираат напорите на ИТ тимот.
Со тежина од само 2,8kg, LV-WX310ST е доволно лесен за удобно носење, а за уште полесен транспорт, изберете ја изборната мека заштитна торбичка за носење. И поврзувањето на вашиот проектор штом пристигнете на вашата дестинација е едноставно: сите негови приклучоци се практично групирани за неверојатно брз пристап. Зголемете го задоволството кај вашата публика со поврзување аудио извор во вградениот висококвалитетен звучник или со поврзување засилувач или PA систем со проекторот преку линискиот аудио излез.
Изберете го LV-WX310ST и вашите трошоци за користење и одржување ќе бидат неверојатно ниски. Векот на траење на лампата изнесува најмногу 6.000 часа во еко режим, а извонредната 3-годишна гаранција* на лампата од Canon овозможува најмногу 3 резервни лампи во рамките на гарантниот период во случај на дефект на лампата при стандардно користење - елиминирајќи ефикасно голем потенцијален трошок. Потрошувачката на енергија изнесува само 350 W при работа (240 W во еко режим) и ви помага во намалувањето на вашите трошоци и во создавање на одржлива организација. Трошоците за одржување се апсолутно минимални благодарение на дизајнот без филтер и лесната постапка за замена на лампата преку горниот панел на проекторот. А за да бидете сигурни дека на вашата публика нема да ѝ пречи шумот во заднина, вентилаторот на LV-WX310ST работи со само 29 dB во еко режим.
*Различно во зависност од земјата. Производот треба да се регистрира во период од 60 дена.
Дознајте повеќе за Canon LV-WX310ST, неговите функции и можности.
DLP
Crestron
HDMI приклучок
Протокол за контрола со индустриски стандард
MHL