LV-WX320

Овој пренослив WXGA проектор прикажува светли и висококвалитетни слики и е неверојатно компактен и лесен. HDMI приклучокот, компатибилноста со MHL и мрежниот приклучок нудат извонредна вредност за вложените пари.

LV-WX320

Придобивки

  • Уживајте во остри слики со широк формат и стандардна WXGA резолуција (1280 x 800 пиксели)
  • Уживајте во импресивна светлина (3.200 лумени) и сооднос на контрастот од 10.000:1 за длабоки црни тонови
  • DLP™ панелот нуди постојано остри и прецизни слики
  • Лесен и пренослив со тежина од само 2,5 kg
  • Објективот со рачен зум до 1,1x овозможува разновидни опции при поставувањето
  • RJ-45 и HDMI™ приклучоци компатибилни со MHL, поддршка за 3D содржини преку DLP-Link системот
  • Вертикалната и хоризонталната трапезоидна корекција (+/-30°) ги спречува изобличувањата
  • Функцијата за прилагодување на боите по 6 оски и за бои на екранот се приспособува кон вашето опкружување
  • Век на траење на лампата до 6.000 часа и 3-годишна гаранција за замена на лампата*
  • Вграден звучник од 10 W, линиски аудио излез и тивко функционирање со само 29 dB

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon LV-WX320

Светли и прецизни слики


LV-WX320 од Canon е идеален избор за организациите кои бараат ниски цени и имаат потреба од извонреден пренослив проектор. Уживајте во прецизно дефинирани и исклучително остри широки слики благодарение на стандардната WXGA резолуција (1280 x 800 пиксели) и соодносот на слика од 16:10. Живописните бои и длабоките црни тонови се прикажуваат доследно благодарение на светлината од 3200 лумени и соодносот на контрастот од 10.000:1 на проекторот. Во комбинација со технологијата за DLP панели која го минимизира ефектот на решетка кој е присутен кај голем број проектори со слична цена, LV-WX320 нуди добитна комбинација од квалитет и вредност за вложените пари.

Одлични резултати на едноставен начин


Сликите се геометриски прецизни благодарение на вертикалната и хоризонталната трапезоидна корекција од +/- 30°. Рачниот зум од 1,1x нуди дополнителна флексибилност и ви помага да добиете јасни и реалистични проекции дури и во мали простории. Во опкружувањата со силна природна светлина или на места каде што треба да се проектира на обоени површини, функцијата за корекција на боите што се прикажуваат ќе ви помогне да уживате во светли и јасни слики и природни бои.

Поврзување без напор


Уживајте во флексибилноста за проектирање висококвалитетни слики од голем број различни извори благодарение на големиот избор на влезови на LV-WX320. HDMI приклучокот ќе ви овозможи да ги искористите излезните HDMI приклучоци кои стандардно се вградуваат во лаптопите за да уживате во поостри, појасни и подетални слики, а прекрасните 3D содржини се репродуцираат едноставно преку системот DLP-Link. Компатибилноста со MHL нуди дополнителна практичност и ви овозможува да проектирате од сите таблет-уреди и паметни телефони кои поддржуваат MHL преку HDMI приклучокот на проекторот. Поврзувањето, контролата и одржувањето преку ИТ мрежа е многу едноставно благодарение на мрежниот приклучок RJ-45, со кој се минимизираат напорите на ИТ тимот.

Лесен и пренослив


И покрај неговите моќни спецификации, LV-WX320 тежи само 2,5 kg и е доволно лесен за да можете удобно да го носите на состаноци, предавања, семинари или презентации. За полесен транспорт за време на патувањата, изберете ја изборната мека заштитна торбичка за носење. И поврзувањето на вашиот проектор кога ќе пристигнете на вашата дестинација е едноставно: сите негови приклучоци се практично групирани за неверојатно брз пристап. Разубавете ги вашите презентации и зголемете го задоволството кај вашата публика со поврзување аудио извор во вградениот висококвалитетен звучник или со поврзување засилувач или PA систем со проекторот преку линискиот аудио излез.

Економичен за поседување


Изберете го LV-WX320 и вашите трошоци за користење и одржување ќе бидат неверојатно ниски. Векот на траење на лампата изнесува најмногу 6.000 часа во еко режим, а извонредната 3-годишна гаранција* на лампата од Canon овозможува најмногу 3 резервни лампи во рамките на гарантниот период во случај на дефект на лампата при стандардно користење - елиминирајќи ефикасно голем потенцијален трошок. Потрошувачката на енергија изнесува само 350 W при работа (240 W во еко режим) и ви помага во намалувањето на вашите трошоци и во создавање на одржлива организација. Трошоците за одржување се апсолутно минимални благодарение на дизајнот без филтер и лесната постапка за замена на лампата преку горниот панел на проекторот. А за да бидете сигурни дека на вашата публика нема да ѝ пречи шумот во заднина, вентилаторот на LV-WX320 работи со само 29 dB во еко режим.

*Различно во зависност од земјата. Производот треба да се регистрира во период од 60 дена.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LV-WX320, неговите функции и можности.

DLP

DLP

Crestron

Crestron

HDMI Port

HDMI приклучок

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард

MHL

MHL