LV-X320

Пренослив XGA проектор кој нуди светли слики и се одликува со практично, мало и лесно куќиште. Сигурното користење и едноставното одржување го прават висококвалитетен избор за купувачите со ограничен буџет.

LV-X320

Придобивки

  • Проектирајте остри и висококвалитетни слики со класична XGA резолуција (1024 x 768 пиксели)
  • Уживајте во светли бои и длабоки црни тонови со светлина од 3.200 лумени и сооднос на контрастот од 10.000:1
  • Уживајте во остри и детални слики благодарение на DLP™ панелот
  • Лесен и компактен, со тежина од само 2,5 kg за лесно пренесување
  • Објектив со рачен зум до 1,1x за флексибилно поставување
  • RJ-45 и HDMI™ приклучоци компатибилни со MHL, поддршка за 3D содржини преку DLP-Link системот
  • Вертикалната и хоризонталната трапезоидна корекција (+/-30°) создава реалистични слики
  • Функцијата за прилагодување на боите по 6 оски и за бои на екранот се приспособува кон вашето опкружување
  • Век на траење на лампата до 6.000 часа и 3-годишна гаранција за замена на лампата*
  • Вграден звучник од 10 W, линиски аудио излез и тивко функционирање со само 29 dB

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon LV-X320

Светли и прецизни слики


Доколку барате пренослив проектор кој нуди извонреден квалитет по неверојатно конкурентна цена, изберете го LV-X320 од Canon. Вашата публика ќе ужива во прецизни и остри слики со стандардна XGA резолуција (1024 x 768 пиксели), со светли и реалистични бои и со длабоки црни тонови благодарение на светлината од 3200 лумени и соодносот на контрастот од 10.000:1 на проекторот. Технологијата на DLP панелот го елиминира изобличувањето на сликата и нуди пореалистична светлина за разлика од преносливите проектори со слична цена, правејќи го овој уред извонреден избор за купувачите со ограничен буџет.

Поставувањето е едноставно


Бидете сигурни дека сликите ќе бидат геометриски совршени дури и во тесни простории, благодарение на вертикалната и хоризонталната трапезоидна корекција од +/- 30°. Рачниот зум од 1,1x ви нуди дополнителна флексибилност и контрола врз поставувањето на проекторот: идеално за во помали опкружувања. Во опкружувањата каде што природната светлина е премногу силна или на места каде што треба да се проектира на обоени површини, функцијата за корекција на боите што се прикажуваат ќе ви помогне да уживате во светли и јасни слики и природни бои.

Поврзете го на ваш начин


Со LV-X320 добивате избор да проектирате висококвалитетни слики од голем број различни извори благодарение на неговиот голем избор на влезови. HDMI приклучокот ќе ви овозможи да ги искористите излезните HDMI приклучоци кои стандардно се вградуваат во лаптопите за да уживате во поостри, појасни и подетални слики, а прекрасните 3D содржини се репродуцираат едноставно преку системот DLP-Link. Компатибилноста со MHL нуди дополнителна практичност и ви овозможува да проектирате од сите таблет-уреди и паметни телефони кои поддржуваат MHL преку HDMI приклучокот на проекторот. Поврзувањето, контролата и одржувањето преку ИТ мрежа е многу едноставно благодарение на мрежниот приклучок RJ-45, со кој се минимизираат напорите на ИТ тимот.

Лесен и пренослив


Со тежина од само 2,5 kg, компактната големина на лесниот LV-X320 го прави практичен за носење на состаноци, предавања, семинари или презентации. За полесен транспорт при патувањата, изберете ја изборната мека заштитна торбичка за носење. И поврзувањето на вашиот проектор кога ќе пристигнете на вашата дестинација е едноставно: сите негови приклучоци се практично групирани за неверојатно брз пристап. Разубавете ги вашите презентации и зголемете го задоволството кај вашата публика со поврзување аудио извор во вградениот висококвалитетен звучник или со поврзување засилувач или PA систем со проекторот преку линискиот аудио излез.

Намалете ги трошоците, а не квалитетот


Изберете го LV-X320 и вашите трошоци за користење и одржување ќе бидат неверојатно ниски. Векот на траење на лампата изнесува најмногу 6.000 часа во еко режим, а извонредната 3-годишна гаранција* на лампата од Canon овозможува најмногу 3 резервни лампи во рамките на гарантниот период во случај на дефект на лампата при стандардно користење - елиминирајќи ефикасно голем потенцијален трошок. Потрошувачката на енергија изнесува само 350 W при работа (240 W во еко режим) и ви помага во намалувањето на вашите трошоци и во создавање на одржлива организација. Трошоците за одржување се апсолутно минимални благодарение на дизајнот без филтер и лесната постапка за замена на лампата преку горниот панел на проекторот. А за да бидете сигурни дека на вашата публика нема да ѝ пречи шумот во заднина, вентилаторот на LV-X320 работи со само 29 dB во еко режим.

*Различно во зависност од земјата. Производот треба да се регистрира во период од 60 дена.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LV-X320, неговите функции и можности.

DLP

DLP

Crestron

Crestron

HDMI Port

HDMI приклучок

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард

MHL

MHL