Овој полумонтажен WUXGA проектор кој нуди 5.000 лумени и сооднос на контрастот од 2.500:1 е совршен за корисници кои сакаат светли и висококвалитетни слики од достапен уред со разновидни опции.
Подетално разгледување на Canon LX-MU500
Стандардната WUXGA (1920 x 1200) резолуција на LX-MU500 нуди поостри слики, појасна графика и почитлив текст. Резолуцијата WUXGA е идеална и за компјутерски и за видео извори, а особено е погодна за модерни лаптопи со широк екран. DLP панелот ја максимизира светлината и ситните детали, а истовремено ги минимизира изобличувањата како „ефектот на решетка“ кој најчесто се појавува кај стандардните LCD проектори.
Одликувајќи се со голема светлина од 5.000 лумени која е невообичаена за волку компактен проектор, LX-MU500 нуди значително посветли слики во опкружувања со средна големина како сали за предавања, простории за состаноци и големи канцеларии. Соодносот на контрастот од 2.500:1 создава чисти бои и подлабоки црни тонови за извонредно доживување при гледањето, а новиот алгоритам Brilliant Colour™ ја зголемува прецизноста на боите – овозможувајќи реалистична репродукција на изворниот материјал.
LX-MU500 има 2 HDMI приклучоци, HDBaseT и мрежен RJ-45 приклучок, за да ви понуди компатибилност со многубројни дигитални видео извори, компјутерски и преносливи извори. Користете го приклучокот HDBaseT за пренесување HD видеоснимки, звучни сигнали и сигнали за контрола¹ преку само еден LAN кабел на оддалеченост до 100m – додавајќи практичност и флексибилност во опциите за монтирање и конфигурирање на вашиот систем. Еден од двата HDMI влезови на проекторот е компатибилен со MHL, овозможувајќи ви да ги поврзете сите таблет-уреди и паметни телефони кои поддржуваат MHL преку комерцијално достапниот MHL кабел.
LX-MU500 се одликува со централно поставен објектив со рачен зум од 1,6x и може многу лесно да се постави благодарение на неговата трапезоидна корекција во 4 агли. Освен со стандардно вертикално и хоризонтално прилагодување (+/-30%), тој располага и со независно прилагодување на аглите што ќе ви овозможи лесно да добиете совршени слики со прецизна геометрија – дури и кога проекторот се користи под повисок агол или кога е изместен од својата оска. Прилагодувањето на боите во 6 оски, 5-те режими на слика и 2-та режими што може да ги дефинира корисникот ќе ѝ овозможат на вашата публика да ги гледа проектираните медиуми така како што сте замислиле.
LX-MU500 нуди бесплатна 3-годишна гаранција за лампите која покрива најмногу 3 резервни лампи во случај на дефект на лампите². За уште поголема сигурност, доколку настане дефект кај вашиот проектор, проширената гаранција со услуга за позајмување ви овозможува да добиете замена за проекторот уште следниот ден, што ќе можете да ја користите додека вашиот проектор се поправа. Лампите на LX-MU500 се менуваат лесно без да го демонтирате проекторот од опкружувањето во кое е монтиран, а нивниот работен век изнесува 2.500 часа. Звучникот од 10W со линиски аудио излез ви овозможува да го користите LX-MU500 и за звучни и за визуелни потреби.
¹ Кога е во режим на подготвеност, вклучувањето на напојувањето не се прифаќа како контролна наредба преку HDBaseT.
² Потребна е регистрација на производот.
Дознајте повеќе за Canon LX-MU500, неговите функции и можности.
Репродукција на Full HD видео записи со совршени детали
HDMI приклучок
Поддржува HD видео, звук и контрола¹
Директен влезен сигнал од уреди со MHL
Протокол за контрола со индустриски стандард
Crestron