LX-MU700

Овој монтажен WUXGA проектор со две лампи, кој се одликува со 7.500 лумени и избор од 7 заменливи објективи, нуди добитна комбинација од флексибилност, сигурност и осветлени детални слики.

LX-MU700

Придобивки

  • Монтажен проектор со две лампи и DLP™ со голема светлина
  • Стандардна WUXGA резолуција (1920 x 1200) со сооднос на слика од 16:10
  • 7.500 лумени за светли и јасни слики
  • Сооднос на контрастот од 2.100: 1 за богати и длабоки црни тонови
  • Лесно оптимизирање на светлината и контрастот со избор од две тркала со 6 бои
  • Разновидни опции со изборот од 7 заменливи објективи
  • Брзо се адаптира на различните задачи благодарение на моторизираното поместување на објективот и меморијата за објективи
  • Поддржува влезни сигнали од многубројни извори, вклучувајќи и HDBaseT со контрола преку LAN
  • Ја задржува геометријата на сликите преку вертикална и хоризонтална трапезоидна корекција (+/-40°)
  • Едноставно и достапно одржување со работен век на лампата до 6.000 часа

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon LX-MU700

Светлина и сигурност


Изберете го проекторот LX-MU700 за да добиете осветлени, јасни и широки слики во различни опкружувања. Неговите две лампи не само што нудат извонредна светлина од 7.500 лумени, дури и во големи простории или опкружувања со големи нивоа на амбиентална светлина, туку нудат и дополнителна сигурност. Вашата презентација, предавање или изложба ќе продолжи дури и ако една од лампите престане да функционира, така што никогаш нема да ја разочарате вашата публика.

Остри и реалистични слики


Стандардната WUXGA резолуција (1920 x 1200) овозможува поостри слики и појасна графика. За разлика од LCD проекторите, DLP панелот на LX-MU700 прикажува слики со доследен и одличен квалитет низ целиот негов работен век, па затоа квалитетот на вашите проекции нема да се намали со тек на времето. Соодносот на контрастот од 2.100:1 овозможува чисти бои и длабоки црни тонови, со што го подобрува доживувањето на публиката. За да бидете сигурни дека ќе ги добиете најдобрите резултати за секоја задачи и во секое опкружување, изборот од две тркала со 6 бои ќе ви овозможи лесно да ги оптимизирате вашите слики со прилагодување на светлината или контрастот.

Избор на објективи за поголема флексибилност


Благодарение на изборот од 7 висококвалитетни заменливи објективи од Canon, почнувајќи од фиксно и кратко фокусно растојание па сè до извонредно голем зум, многу лесно ќе го пронајдете совршениот избор за вашето опкружување и растојанието на кое ќе проектирате. Без разлика дали ќе користите еден или повеќе објективи, ќе се воодушевите од функцијата за меморија на објективите која веднаш ќе ги активира вашите претпочитани поставки за поместување, фокусирање и зумирање. Таа значително го заштедува вашето време доколку го користите проекторот за повеќе намени во истата просторија, како на пример, амфитеатар за предавања каде што големината на публиката е променлива.

Разновидни опции за поврзување


LX-MU700 ќе ви помогне да ги искористите максимално денешните иновативни и висококвалитетни дигитални извори. Приклучокот HDBaseT ви овозможува да пренесувате HD видеоснимки, звучни сигнали и сигнали за контрола преку само еден LAN кабел на оддалеченост до 100m – додавајќи нова димензија на флексибилност во опциите за монтирање. Дополнителните приклучоци HDMI, DVI и Display Port, како и 5-те BNC приклучоци, ви нудат компатибилност со многубројни дигитални видео извори и компјутерски извори.

Добивајте одлични резултати на едноставен начин


Кога ќе го вклучите проекторот, функцијата Screen Trigger Output автоматски ќе го спушти екранот и ќе го позиционира според аголот на проекција, за постојано да уживате во оптимален квалитет на сликата. Вертикалната трапезоидна корекција од +/-40° дополнително го олеснува едноставното поставување и ракување - обезбедувајќи прецизна геометрија на сликите од речиси секој агол.

Едноставно и достапно одржување и користење


LX-MU700 е дизајниран да се користи и одржува без напор: неговите лампи и филтри се менуваат лесно без да го демонтирате проекторот од опкружувањето во кое е монтиран, така што прекините на работата се апсолутно минимални. Благодарение на работниот век на лампата од 6.000 часа и шумот од 35dBA во еко режим (една лампа), LX-MU700 претставува привлечна и економична опција за користење.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LX-MU700, неговите функции и можности.

Full HD video reproduced in perfect detail

Репродукција на Full HD видео записи со совршени детали

HDMI Port

HDMI приклучок

Supporting HD video, audio and control

Поддржува HD видео, звук и контрола

DLP

DLP