Canon XEED 4K500ST

Уживајте во моќта на проекцијата во 4K

Уживајте во новата генерација на квалитет на слика и флексибилност со најмалиот и најлесниот* монтажен проектор со стандардна 4K (4096 x 2400) резолуција. Неговите 5.000 лумени, 4K LCOS панели и 4K објектив од Canon нудат извонредни резултати.

0%
    Што содржи кутијата

    Ви го претставуваме 4K проекторот XEED 4K500ST

    Беспрекорна острина со стандардна 4K резолуција

    Моќен, лесен и прецизен

    Стандардната 4K резолуција (4096 x 2400) нуди неверојатно остар и детален текст, појасна графика и извонредни слики од компјутерски и видео извори. Сместен во компактно куќиште, XEED 4K500ST е најмалиот и најлесниот монтажен проектор на пазарот.

     4K500ST
    Projector

    Обемни функции за креативна проекција

    Создавајте извонредни и прекрасни презентации со повеќе проектори користејќи ја вградената технологија за спојување на рабовите, дури и на заоблени површини и површини во вид на купола. Поставувањето е уште поедноставно со функцијата за маргинален фокус (која го менува фокусот само на рабовите), регистрацијата на споредните пиксели и 28-те шаблони за тестирање - сите овие функции се можни благодарение на двата уникатни процесори за 4K слика. Реалистична репродукција на слики со динамичка функција за гама која спречува недоволна експозиција на темните површини и преголема експозиција на светлите површини. Сликите се проектираат прецизно и со реални бои.

    4K квалитет за медицински опкружувања

    За медицинските слики е потребен меѓународен стандард (DICOM Part 14) за правилен приказ на сликите со сиви тонови, како што се рендгенските слики. Вградениот режим за симулација на DICOM го репродуцира овој стандард со температура на боите со сина или провидна основа. За да ви овозможи прецизна репродукција на сликите и приказ на дискретните разлики во тоновите на боите, тој ви нуди 21 различна опција за гамата кои ќе ви помогнат во прецизното прилагодување.

    4K

    Оптички систем AISYS и три 4K LCOS панели

    Перформанси кои се водечки во индустријата

    Оптичкиот систем AISYS и трите рефлективни LCOS панели со реалистична 4K резолуција кај XEED 4K500ST се исклучително компактни, а сепак нудат перформанси кои се водечки во индустријата. Технологијата AISYS ја подобрува репродукцијата на бои, ја зголемува светлината и го подобрува контрастот. Двата процесори за обработка на слика создаваат јасни и висококвалитетни слики, така како што биле замислени. Компактната големина на проекторот овозможува многу полесно монтирање во случаи кога просторот и тежината претставуваат проблем.

    Industry leading performance

    Подобро од 4K

    Првиот LCOS панел од најмала класа од 0,76” во светот кој прикажува неверојатна 4K резолуција од 4096 x 2400 (9.830.400 точки), што е повеќе од DCI. Високата резолуција и квалитетот на боите преку 3-те LCOS панели овозможуваат приказ на сликите на начинот на кој биле замислени.

    Beyond-4k

    Светли и јасни слики преку мало куќиште

    За да добиете голема светлина од мало куќиште, AISYS (систем за аспектно осветлување) на Canon независно ја контролира светлината од лампата во вертикална и хоризонтална насока. Големата светлина од 5.000 лумени е присутна низ целиот опсег на зумирање, без намалување на нивото на контрастот.

    Bright, clear images

    4K објектив со голем зум и 5.000 лумени

    4K500ST

    Оптичка технологија од Canon

    XEED 4K500ST нуди нов стаклен 4K објектив со зум од 1,3x кој го применува долгогодишното искуство на Canon за дизајнирање висококвалитетни објективи. Во комбинација со светлината од 5000 лумени и фиксниот отвор на блендата од F2.6, проекторот XEED 4K500ST нуди непроменета и импресивна светлина низ целиот опсег на зумирање. Стандардниот сооднос на контрастот од 3.000:1 нуди врвни перформанси во пракса, со пореалистични бои и подлабоки црни тонови – создавајќи подобро доживување при гледањето.

    Функции за проекција на површина во вид на купола / заоблена површина

    Создавањето совршен остар фокус дури и на рабовите на сликата кај заоблените екрани или екраните во вид на купола е можно со прилагодување на маргиналниот фокус. Оптичката корекција овозможува промена на фокусот на рабовите на сликата. Достапни се и прилагодувања за конкавни и конвексни екрани со радиус од 3m и повеќе. Со големата решетка од f/2.6, длабочината на полето не се менува, но може да се прилагоди преку промена на решетката, за зголемување на длабочината на полето во зависност од заобленоста на екранот. Функцијата за меморија на објективот ги зачувува поставките за да можете лесно да ги вратите доколку го користите проекторот за повеќе намени.

    Projector
    4K500ST

    Слики без изобличувања низ целата проектирана површина

    ТВ изобличувањето претставува изобличување на рабовите на сликите поради квалитетот на објективот за проекција. Изобличувањето со стеснување може да се забележи при проектирање со еден проектор, но ако користите повеќе проектори за да создадете споена слика, тогаш преклопувањата на сликите не можат да се усогласат правилно и тоа ќе резултира со неквалитетно спојување на сликите. Со стапка на ТВ изобличување од 0,12%, споените слики можат да се прикажуваат совршено.

    Стандарден сооднос на контрастот од 3.000:1

    Прилагодете го контрастот за да ги задоволите потребите

    Во зависност од природата на проектираните слики, соодносот на контрастот може да се прилагоди од 2000:1 до 3000:1 преку прилагодување на ирисот. Ако проектирате на заоблен екран, контролата на ирисот ќе ви помогне и во одржување на големата длабочина на полето низ целата проектирана површина.

    Adjustment

    Јасна репродукција на 4K видеоснимки со 60fps

    Исклучителна флексибилност и практичност

    XEED 4K500ST е дизајниран за одлични резултати од речиси секоја положба. Моторизираното поместување на објективот од +/-60% овозможува едноставно прилагодување на положбата на сликата без закосување или преместување на проекторот. Трапезоидната корекција во четири агли овозможува сликите да имаат прецизна геометрија. Технологијата за спојување на рабовите со висока резолуција ќе ви помогне да создавате прекрасни споени слики од повеќе XEED 4K500ST проектори и да вршите корекции на ниво на поединечни пиксели. Прилагодувањето во 5 чекори ви овозможува да ги прилагодувате RGB пикселите по само 0,1 пиксел, за да добиете појасна репродукција на заоблени екрани и екрани во вид на купола.

    Outstanding flexibility
    upscaling technology

    Јасна репродукција на видеоснимки и технологија за зголемување на резолуцијата

    4K500ST репродуцира јасни и некомпресирани 4K видеоснимки со брзина од 60fps и е опремен со два уникатни процесори за 4K слика со високи перформанси. Сликата може да се подобри со функцијата за намалување на заматувањето на движењата која вметнува црн кадар помеѓу сите кадри за да ги изостри рабовите на сликите дури и кај видеоснимките со брзи движења. Пазарот за уреди за приказ бара речиси моментални стапки на одзив, па затоа доцнењето од 16,6ms (доцнење од 1 кадар при 60Hz) го прави овој проектор еден од најбрзите проектори на пазарот.

    Флексибилно поврзување

    Репродукцијата на 4K медиуми (до 4096 x 2400 при брзина од 60fps) е можна преку четирите DVI-D приклучоци во хоризонтална или вкрстена форма, или во резолуција од 4096 x 2160 преку 2 HDMI кабли. Еден HDMI кабел може да се користи за репродукција на видеоснимки со резолуција од 3048 x 2160 при 30fps или за зголемување на резолуцијата на 2K медиумите до 4K со помош на платформата за зголемување на резолуцијата на Canon. Опциите за инсталација на проекторот овозможуваат ротација на проекторот до 360 степени, а одржувањето е едноставно благодарение на лампата и филтерот до кои можете да пристапите дури и по инсталацијата на проекторот.

    Flexible connectivity

    Студија за анализа

    Погледнете го XEED 4K500ST на дело со фотографот и режисерот Simeon Quarrie.

    Спецификации

    4K резолуција

    Резолуција од 4096 x 2400 која е поголема од 4K

    AISYS

    За моќна светлина и голем стандарден сооднос на контрастот

    HDMI

    HDMI 1.4 приклучок

    Поддршка за Creston

    Нуди поддршка за Crestron Room View за контрола

    PJLink

    Протокол за контрола со индустриски стандард

    Што содржи кутијата

    Препорачано за вас...

    Дополнителна опрема и залихи

    Може да ви се допадне и следното...

    extra

    Професионална мрежа на Canon

    Професионална и обемна поддршка: дознајте сè што треба да знаете за извонредната палета на проектори од Canon.

    extra

    Професионални услуги на Canon

    Зошто не аплицирате за членство во CPS? Уживајте во професионални услуги и поддршка за вашата опрема од Canon.

    4K500ST

    Услуги за време на гаранцијата

    Стандардна 3-годишна гаранција, плус 3-годишна услуга за замена на лампата и сеопфатната 3-годишна гаранција за замена и услуги кои ви гарантираат целосно ослободување од грижите.