Уживајте во новата генерација на квалитет на слика и флексибилност со најмалиот* монтажен проектор со стандардна 4K (4096 x 2400) резолуција и со тежина од само 18 kg. Неговите 5.000 лумени, 4K LCOS панели и 4K објектив од Canon нудат извонредни резултати.
Погледнете подетални информации за Canon XEED 4K501ST
XEED 4K501ST нуди стандардна 4K (4096 x 2400) резолуција и е сместен во компактно куќиште, поради што е најмалиот* монтажен проектор на пазарот. 4K резолуцијата нуди неверојатно остар и детален текст, појасна графика и извонредни слики од компјутерски и видео извори.
Оптичкиот систем AISYS и 3-те рефлективни LCOS панели со реалистична 4K резолуција кај 4K500ST се исклучително компактни, а сепак нудат перформанси кои се водечки во индустријата. Технологијата AISYS ја подобрува репродукцијата на бои, ја зголемува светлината и го подобрува контрастот. Двата процесори за обработка на слика создаваат јасни и висококвалитетни слики, така како што биле замислени. Компактната големина на проекторот овозможува многу полесно монтирање во случаи кога просторот и тежината претставуваат проблем.
4K501ST нуди нов стаклен 4K објектив со зум од 1,3x кој го применува долгогодишното искуство на Canon за дизајнирање висококвалитетни објективи. Во комбинација со светлината од 5.000 лумени и фиксниот отвор на блендата од F2.6, проекторот 4K501ST нуди непроменета и импресивна светлина низ целиот опсег на зумирање. Максималниот стандарден сооднос на контрастот од 3.000:1 нуди врвни перформанси во пракса, со пореалистични бои и подлабоки црни тонови – создавајќи подобро доживување при гледањето.
XEED 4K501ST е дизајниран за одлични резултати од речиси секоја положба. Моторизираното поместување на објективот од +/-60% овозможува едноставно прилагодување на положбата на сликата без закосување или преместување на проекторот. Трапезоидната корекција во четири агли овозможува сликите да имаат совршена геометрија. Технологијата за спојување на рабовите со висока резолуција ќе ви помогне да создавате прекрасни споени слики од повеќе 4K501ST проектори и да вршите корекции на ниво на поединечни пиксели. Прилагодувањето во 5 чекори ви овозможува да ги прилагодувате RGB пикселите по само 0,1 пиксел, за да добиете појасна репродукција на заоблени екрани и екрани во вид на купола. Обемните функции во професионалното мени содржат и режим за повеќе влезови, оптимизација на DVI, податоци за влезните сигнали, вкупно работно време и опција за промена на битовите за прекин од 1 во 2 за да се овозможи компатибилност со повеќе уреди за сериска комуникација.
Благодарение на неговите 4 DVI-D и 2 HDMI 2.0 влезови, 4K501ST може лесно да се поврзе со повеќе 4K извори, вклучувајќи и дигитални видео извори и компјутерски извори. Присуството на HDMI 2.0 приклучоци значи дека 4K содржините можат да се проектираат преку еден HDMI кабел. 4K филмовите се прикажуваат со мали нивоа на заматување на движењата, а опкружувањата за симулации ќе ги искористат придобивките од извонредното време на одзив со доцнење од само 16,6ms. Технологијата за проектирање на заоблени површини, покрај општиот фокус на проекторот ви нуди и контрола врз периферниот фокус за репродукција на реалистични слики, дури и врз површини во форма на купола.
Освен компактен и издржлив дизајн, 4K501ST нуди и комбинација од едноставно користење и мали работни трошоци. Лампата и воздушниот филтер можат лесно да се заменат без демонтирање на проекторот. Водечката енергетска ефикасност** во оваа класа од само 475W во еко режим и само 0,4W во режим на подготвеност ќе ги минимизира вашите работни трошоци. Притиснете го наменското копче за Еко режим за да ги оптимизирате сите параметри и да добиете најмала потрошувачка на енергија.
* Точни информации во времето на објавување
** Во споредба со проектори со слична светлина
Дознајте повеќе за Canon XEED 4K501ST, неговите функции и можности.
4K резолуција
За моќна светлина и голем сооднос на контрастот
HDMI приклучок
Протокол за контрола со индустриски стандард
Crestron