XEED SX6000 се одликува со технологиите LCOS и AISYS, моторизирани објективи кои обезбедуваат осветленост на боите од 6000 лумени и SXGA+ резолуција – идеално за ситуации во кои е потребен стандарден сооднос на сликата.
Погледнете подетални информации за Canon XEED SX6000
XEED SX6000 е најосветлениот монтажен проектор со LCOS технологија од Canon. Со висока SXGA+ (1400x1050) резолуција и 6000 лумени, тој е идеален за простории во кои осветлувањето е најважно: како опкружувања со повеќе екрани, големи простории и амфитеатри.
LCOS панелот од 0,7”, заедно со оптичкиот систем AISYS од Canon, ќе ѝ овозможат на вашата публика да гледа само совршени и беспрекорни слики – дури и во големи простории како хотелски простории за одржување на конференции или сали за предавања.
Проекцијата со формат од 4:3 и голем сооднос на решетката овозможува прикажување на рамномерни слики, правејќи го овој модел идеален за професионалните фотографи кои сакаат да ги прикажуваат суптилните тонови во нивните дела. Соодносот на контрастот од 1000:1 овозможуваат прикажување на длабоки темни тонови и живописни бои.
За монтажните проектори се потребни многу прецизни објективи, а XEED SX6000 ќе ви го понудат квалитетот и флексибилноста кои ви се потребни. Благодарение на технологијата за објективи на Canon, вие сигурно ќе добиете слика со врвна резолуција и максимална осветленост.
Функцијата за напредно монтирање со прецизност од ½ пиксел ви овозможува да ги прикажувате вашите слики најдобро што можете – неопходно за монтирање на повеќе проектори, како 3D, системи со редење или спојување и куполи.
Четири заменливи објективи со голема прецизност, вклучувајќи и стандардно зумирање од 1,5x, широк агол, големо зумирање од 1,7x и извонредно големо зумирање од 1,95x, ви нудат флексибилност со која ќе можете да ја изразите вашата креативност дури и во најголемите опкружувања.
XEED SX6000 се одликува и со палета на интелигентни функции кои ќе ви помогнат верно и прецизно да ги презентирате вашите слики. Индивидуалната RGB контрола и 6-насочното прилагодување на бои и гама детали ќе ви помогнат да направите прекрасно усогласување на боите кое е слично како кај професионално подесените уреди.
XEED SX6000 нуди голем избор на опции за поврзување кои се соодветни за деловно работење, образование и опкружувања за јавни презентации. Приклучоците DVI и HDMI™ ви овозможуваат да проектирате дигитални High Definition слики и видео записи, додека приклучоците за поврзување во мрежа и RS232C овозможуваат едноставно поврзување со системот за контрола во вашата просторија и LAN. Поддржан е и индустрискиот стандард PJLink™, кој овозможува контролирање и следење преку IP адреса. Во комбинација со флексибилното монтирање во 360°, овие функции го прават XEED SX6000 неверојатно разновиден.
Со помалку од 0,08 вати по единица за осветлување, потрошувачката на енергија кај XEED SX6000 може да се опише како една од најдобрите во целата индустрија.
Дознајте повеќе за Canon XEED SX6000, неговите функции и можности.
За моќна светлина и голем сооднос на контрастот
Можност за HD
HDMI приклучок
Протокол за контрола со индустриски стандард
Преземете ги сериските команди кои се потребни за подесување на далечинскиот управувач на SX6000