Canon XEED WUX4000

XEED WUX4000

Со WUXGA резолуција, Full HD поддршка и палета на заменливи објективи, WUX4000 нуди придобивки од технологијата LCOS - одново ги дефинира реперите за проектори за инсталирање.

Придобивки

  • Стандардна WUXGA резолуција и Full HD можности
  • Технологија LCOS
  • 4000 лумени
  • Сооднос на контрастот од 1000:1
  • Моторизирано поместување на објективот, зумирање и фокусирање
  • Можност за 3 заменливи објективи
  • Напредно прилагодување на RGB и гама
  • DVI и HDMI влезови
  • Мрежен приклучок со компатибилност за PJLink

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon XEED WUX4000

WUXGA резолуција и технологија LCOS – уникатна комбинација


Со проектирање на WUXGA резолуција (1920 x 1200 пиксели), XEED WUX4000 ја зголемува границата за квалитет на проекторите за инсталирање. Сликите од компјутер или Macintosh се прикажуваат со извонредна јасност, а Full HD видео снимките се репродуцираат со совршени детали. Технологијата LCOS на Canon ги елиминира типичните последици од конвенционалното проектирање на слика, прикажувајќи неверојатни слики без несаканите ефекти на „решетка“ или „виножито“.

Извонредни перформанси


XEED WUX4000 ја користи најновата генерација на AISYS оптички систем од Canon, обезбедувајќи моќни 4000 лумени. AISYS ги оптимизира перформансите на LCOS панелите, за добивање на резултати кои се издвојуваат при високи нивоа на амбиентална светлина. Големиот сооднос на контрасот од 1000:1 обезбедува живописни бои и одлични црни тонови.

Палета на заменливи објективи од Canon


WUX4000 е првиот модел од палетата XEED кој нуди избор од висококвалитетни заменливи објективи. За повеќето инсталации, доволен е стандарден објектив со 1,5x зум. Но, за поголеми простории е достапен и објектив за зумирање со долг фокус, додека исклучително широкиот фиксен објектив е совршен за задна проекција. Независно кој објектив ќе го изберете, квалитетот од Canon е загарантиран - а тој ќе ги задржи деталите на сликата без да ја загрози осветленоста или геометријата на сликата.

Моторизирано поместување на објективот


WUX4000 се одликува со моторизирано вертикално и хоризонтално поместување на објективот, овозможувајќи едноставна инсталација. Вертикалното поместување може да се движи помеѓу +55% и -15% од висината на сликата, додека хоризонталното поместување може да се прилагоди помеѓу +/-10% од ширината на сликата.

Флексибилна интеграција и разновидно поврзување


Дизајниран за употреба со дигитални high-definition извори, XEED WUX4000 содржи DVI-D и HDMI приклучоци. Достапен е 15-пин. VGA приклучок и три мини-приклучоци за аудио поврзување. Сериските и мрежните приклучоци овозможуваат контролирање и следење, додека компатибилноста со PJLink го прави WUX4000 идеален за интеграција со AV системи.

Едноставно одржување


Изработен за долготрајна употреба, WUX4000 се одликува со модуларен дизајн кој овозможува едноставно сервисирање. Ламбата се одликува со висока ефикасност и работен век до 3000 часа (во тивок режим), а до неа може да пристапите од задната страна на проекторот. Филтерот за воздух се отстранува едноставно и странично, додека проекторот останува неподвижен. Брз пристап е обезбеден дури и кон поважните оптички елементи кои имаат ограничен работен век, со што се елиминира потребата од сложеното расклопување. Одржувањето никогаш не било побрзо или полесно досега.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon XEED WUX4000, неговите функции и можности.

For powerful brightness and a high contrast ratio

За моќна светлина и голем сооднос на контрастот

Full HD video reproduced in perfect detail

Репродукција на Full HD видео записи со совршени детали

HDMI Port

HDMI приклучок

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард