Canon XEED WUX400ST

XEED WUX400ST

Првиот WUXGA компактен монтажен проектор од Canon со кратка оддалеченост на проекција, со значително вертикално поместување на објективот од 75% и осветленост од 4000 лумени, комбиниран со исклучителна енергетска ефикасност.

Придобивки

  • Стандардна WUXGA резолуција
  • Објектив од Canon со кратка оддалеченост на проекција
  • 4000 лумени
  • Контраст од 2000:1
  • Вертикално и хоризонтално поместување на објективот
  • Слика-до-слика и спојување на рабовите
  • HDMI™ и DVI влезови
  • Презентации без потреба од компјутер
  • Едноставен пристап до лампата и филтерот
  • Исклучителна енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon XEED WUX400ST

Објектив со кратка оддалеченост на проекција и можност за поместување


XEED WUX400ST е уникатен компактен монтажен мултимедијален проектор со висока резолуција. Објективот од Canon со кратка оддалеченост на проекција располага со исклучително широк опсег на вертикално и хоризонтално поместување на објективот. Овој целосно нов објектив речиси го елиминира изобличувањето (типично 0,1%) и има сооднос на проекција од само 0,557:1. Така, слика од 100" може да се проектира од само 1,2 метри – околу една третина од потребното растојание за проекција кај конвенционалните проектори. И покрај кратката фокусна должина, објективот проектира слики со дијагонала од 30" па сè до 300". Благодарение на вертикалното и хоризонталното поместување – вклучувајќи го и исклучително широкиот вертикален опсег од 75% – проекторот може дискретно да се постави над или под екранот и е погоден за предна и задна проекција.

Осветлена и течна слика


Најновиот оптички систем AISYS од Canon е поефикасен од кога било досега. Благодарение на осветленоста од 4000 лумени и соодносот на контрастот од 2000:1, сликите се јасни, светли и живописни – со истите исклучително прецизни бои и рамномерно прикажување на сликата што ги очекувате од серијата XEED.

Напредна обработка на слика


Стандардната WUXGA резолуција (1920x1200 пиксели) и Full HD можностите се поддржани од технологијата на екрани LCOS, која обезбедува неверојатни, совршено рамномерни слики. Покрај оптиката со професионален квалитет, новиот процесор за обработка на сликата кај XEED WUX400ST располага со функции за практично монтирање, како на пр. хардверско спојување на рабовите, прилагодување на регистрацијата на плочата (за да се осигури совршено RGB порамнување на панелот) и вградени шаблони за тестирање. Начинот на прикажување слика-до-слика поддржува двоен дигитален влез, што е совршено за модерните апликации за видео конференции. Функцијата за трапезоидна корекција во 4 точки помага при проектирањето на сликата од речиси кој било агол со совршена геометрија, додека намалувањето на заматеноста кај движењата ја одржува острината на сликата за време на репродукцијата на видео со брзи движења.

Дизајн кој е практичен за монтирање


Новото куќиште со рамна горна страна овозможува интелигентно монтирање со ногарки и е идеално за напредните инсталации со повеќе проектори. Лесно се постигнува поставување на уредите во серија, како и проектирање нагоре и надолу.

Флексибилно поврзување


HDMI и DVI-I приклучоците обезбедуваат дигитален влез, додека firmware-от лесно се ажурира преку USB приклучокот, кој исто така овозможува директно проектирање од USB флеш уреди. Crestron RoomView® обезбедува моментална универзална далечинска контрола и надгледување, додека функцијата Network Multi-Projection (NMPJ) овозможува лесно проектирање преку LAN.

Издржлив и енергетски ефикасен


Лампата на XEED WUX400ST може да трае до 5000 часа при користење во ECO режим. Наменското ECO копче моментално го активира режимот на лампата со намалена енергија и другите функции за заштеда на енергија, за исклучителна енергетска ефикасност при користењето.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon XEED WUX400ST, неговите функции и можности.

For powerful brightness and a high contrast ratio

За моќна светлина и голем сооднос на контрастот

Full HD video reproduced in perfect detail

Репродукција на Full HD видео записи со совршени детали

HDMI Port

HDMI приклучок

Crestron

Crestron