Canon XEED WUX450

XEED WUX450

Најкомпактниот WUXGA монтажен проектор од Canon. Моќните 4500 лумени остануваат непроменливи* низ целиот опсег на зумирање. Висококвалитетниот 1,8x објектив има можност за вертикално и хоризонтално поместување заради полесно монтирање.

Придобивки

  • Стандардна WUXGA резолуција
  • 4500 лумени
  • Контраст од 2000:1
  • Објектив со зум од 1,8x со вертикално и хоризонтално поместување
  • Слика-до-слика и спојување на рабовите
  • HDMI™ и DVI влезови
  • Презентации без потреба од компјутер
  • Едноставен пристап до лампата и филтерот
  • Енергетска ефикасност која е водечка во класата**

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon XEED WUX450

Компактен монтажен проектор со висока резолуција


Мултимедијалниот проектор XEED WUX450 е најкомпактниот WUXGA монтажен модел од Canon, кој обезбедува светла слика со висока резолуција независно од растојанието на проекција.

Постојана* осветленост


Оптичкиот систем од најнова генерација AISYS од Canon обезбедува моќна осветленост од 4500 лумени и сооднос на контрастот од 2000:1. Објективот за проектирање со зум од 1,8x има непроменлива решетка од F2,8. Осветленоста е практично непроменлива независно од поставувањето на зумот и речиси нема падови кон телефото крајот на опсегот.

Нови моќни функции за обработка на сликата


Квалитетот на сликата е подобрен благодарение на целосно новиот процесор за слика. Процесорот нуди вградено спојување на рабовите и прилагодување на регистрацијата, што е совршено за инсталации со повеќе екрани. Корисен за видео конференциите, режимот слика-до-слика е поддржан благодарение на двата дигитални влезови. Намалувањето на заматеноста кај движењата ја одржува острината на сликата, дури и кај видео снимките со брзи движења, додека трапезоидната корекција во 4 точки овозможува проектирање од речиси кој било агол. Стандардната WUXGA резолуција (1920 x 1200 пиксели) и Full HD можностите се поддржани од технологијата на екрани LCOS, која обезбедува неверојатни и совршено рамномерни слики.

Прекрасен и едноставен


Објективот на проекторот има можност за вертикално и хоризонтално поместување заради полесно монтирање, додека рамната горна страна и изборните ногарки овозможуваат повеќе различни конфигурации, вклучувајќи и сериско поставување.

Флексибилно поврзување


Достапни се HDMI и DVI приклучоци за дигитален влез, додека firmware-от може брзо и едноставно да се ажурира преку USB приклучокот на проекторот, кој исто така овозможува директно проектирање од USB флеш уреди. Crestron RoomView® обезбедува моментална универзална далечинска контрола и надгледување, додека функцијата Network Multi-Projection (NMPJ) овозможува лесно проектирање преку LAN.

Едноставно одржување


XEED WUX450 располага со нови поиздржливи оптички компоненти со зголемена трајност. Лампата може да трае до 5000 часа при користење во ECO режим, додека лесниот пристап до лампата и филтерот за воздух овозможува одржување на самото место на монтирање. Модуларниот дизајн овозможува лесно монтирање и одржување на уредот.

Енергетска ефикасност која е водечка во класата**


XEED WUX450 нуди најниска потрошувачка на енергија во својата класа, додека наменското ECO копче моментално го активира режимот на лампата со намалена енергија и обезбедува директен пристап до другите функции за заштеда на енергија.

*Осветленоста може да се намали до 5%. Врз база на големина со единечна слика.
**Проектори од 3000 - 6000 лумени, големина на панел од 0,8” или помалку, модели со една лампа. Врз база на истражување од Canon Inc од мај 2013.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon XEED WUX450, неговите функции и можности.

For powerful brightness and a high contrast ratio

За моќна светлина и голем сооднос на контрастот

HDMI Port

HDMI приклучок

Full HD video reproduced in perfect detail

Репродукција на Full HD видео записи со совршени детали

Crestron

Crestron