XEED WUX450ST

Овој осветлен, разновиден, компактен и монтажен WUXGA проектор со кратка оддалеченост на проекција се одликува со 4.500 лумени, HDBaseT и вертикално поместување на објективот од 75% за да обезбеди огромен избор на опции за монтирање.

XEED WUX450ST

Придобивки

  • Јасни и детални слики благодарение на стандардната WUXGA резолуција (1920 x 1200)
  • Објектив од Canon со кратка оддалеченост на проекција без изобличувања
  • Осветлени и живописни слики со 4500 лумени
  • Длабоки и реалистични бои благодарение на соодносот на контрастот од 2000:1
  • Неверојатна флексибилност при монтирањето со вертикално поместување на објективот до 75%
  • Обемен избор на поврзување со HDBaseT, HDMI™ и DVI влезови, како и преку Wi-Fi
  • Флексибилни опции за прикажување слика-до-слика и спојување на рабовите
  • Презентации без користење на компјутер преку USB за најмногу 9 проектори поврзани преку LAN
  • Одлична гаранција за замена на лампата во период од 3 години и можност за позајмување проектор уште следниот ден*
  • Извонредна енергетска ефикасност, век на траење на лампата до 5.000 часа и само 30dBa(во еко режим)

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon XEED WUX450ST

Објектив со кратка оддалеченост на проекција и можност за поместување


XEED WUX450ST е неверојатно флексибилен, компактен и монтажен мултимедиумски проектор со висока резолуција и разновидни опции. Благодарение на вертикалното и хоризонталното поместување на проекторот – вклучувајќи го и исклучително големиот вертикален опсег од 75% - тој може да се постави дискретно над или под екранот и е соодветен за предна и задна проекција.

Прецизен и флексибилен


И покрај кратката фокусна должина, објективот проектира слики со дијагонала од 30" па сè до 300". Изобличувањето речиси не постои (најчесто 0,1%), а соодносот на проекција од 0,56:1 ви овозможува да проектирате слика од 100" на оддалеченост од само 1,2 метри – приближно една третина од потребното растојание за проекција кај стандардните проектори.

Осветлена и течна слика


Одликувајќи се со најновата верзија на оптичкиот систем AISYS од Canon, XEED WUX450ST е исклучително ефикасен за употреба и нуди континуирано импресивни слики. Осветленоста од 4.500 лумени и соодносот на контрастот од 2000:1 ќе ѝ овозможат на вашата публика да ужива во јасни, светли и живописни слики – со истите исклучително прецизни бои и рамномерно прикажување на сликата што ги очекувате од серијата XEED.

Напредна обработка


Добијте неверојатни и совршено јасни слики на едноставен начин во голем број различни опкружувања за инсталација. Стандардната WUXGA резолуција (1920x1200 пиксели) и Full HD можностите на проекторот се поддржани од технологијата на екрани LCOS со професионален квалитет. Достапна е DICOM sim верзија која нуди режими за сина и провидна основа и овозможува истовремено избирање на DICOM sim и sRGB во режим слика до слика.

Креативни опции за обработка на слика


Новиот процесор за обработка на слика кај XEED WUX450ST нуди извонреден избор на практични функции како хардверско спојување на рабовите, прилагодување на регистрацијата на плочата и вградени шаблони за тестирање. Опцијата за презентации без користење компјутер преку USB може да се користи со еден проектор или со спојување најмногу 9 проектори поврзани преку LAN кабел. Начинот на прикажување слика-до-слика поддржува двоен дигитален влез, што е совршено за модерните апликации за видео конференции. Сликите можат да се проектираат под речиси секој агол со совршена геометрија благодарение на функцијата за трапезоидна корекција во 4 точки.

Дизајн кој е практичен за монтирање


Компактната големина на проекторот нуди огромна придобивка за користење во училници, простории за состаноци и други помали простории. Музеите и опкружувањата за креативно прикажување ќе ги искористат придобивките од опциите за интелигентно монтирање со ногарки што ги нуди куќиштето со рамна горна страна кои се идеални за напредни инсталации со повеќе проектори. Поставувањето на уредите во серија и ротирањето на вертикалната проекција во опсег од 360° се врши на едноставен начин.

Флексибилност за поврзување


Новите опции за поврзување создаваат уште повеќе опции и можности за монтирање. Пренесете го звукот, сликата и контролните сигнали преку еден кабел со максимална должина до 100m преку HDBaseT или, пак, безжично на оддалеченост до 25m преку вградениот WI-FI. Функцијата Network Multi Projection (NMPJ) овозможува едноставно поврзување и преку LAN. Приклучоците HDMI и DVI-I овозможуваат истовремено пренесување на дигиталните сигнали, а Crestron RoomView® овозможува моментална универзална далечинска контрола и надгледување.

Издржлив уред кој е економичен за користење и одржување


Лампата на XEED WUX450ST може да трае до 5000 часа при користење во ЕКО режим. Наменското ЕКО копче го активира режимот на лампата со намалена енергија и другите функции за заштеда на енергија за да овозможи исклучителна енергетска ефикасност при користењето. Продолжената гаранција на лампата нуди најмногу три бесплатни лампи за замена во период од 3 години, а напредна гаранција од три години со услуга за позајмување од Canon ви овозможува да позајмите проектор уште следниот ден* кој може да го користите во деновите додека се поправа вашиот уред.

*Под следен ден се подразбира дека, таму каде што е можно, позајмениот производ ќе се испорача на денот по поднесување на барањето за поправка. Ако барањето го добиеме попладне, за време на викенд или на празник, позајмениот производ ќе го испорачаме во рок од два дена. Оваа услуга за позајмување подлежи на сите правила и услови и е достапна само во одредени земји.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon XEED WUX450ST, неговите функции и можности.

For powerful brightness and a high contrast ratio

За моќна светлина и голем сооднос на контрастот

Full HD video reproduced in perfect detail

Репродукција на Full HD видео записи со совршени детали

HDMI Port

HDMI приклучок

Supporting HD video, audio and control

Поддржува HD видео, звук и контрола

Wi-Fi CERTIFIED

Сертификат за Wi-Fi

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард

Crestron

Crestron

3 Yr XEED Extended warranty
3yr Lamp Promotion