XEED WUX500

Уживајте во извонреден квалитет на слика и разновидни опции за поврзување со овој компактен монтажен WUXGA проектор, кој се одликува со LCOS технологија, константна светлина од 5000 лумени и квалитетен објектив со 1,8x зум од Canon, како и HDBaseT и Wi-Fi.

XEED WUX500

Придобивки

  • Добијте детални и неверојатно реалистични слики со стандардна WUXGA резолуција (1920 x 1200 пиксели) и можност за приказ во Full HD
  • Уживајте во живописна слика со константна* светлина од 5000 лумени и стандарден сооднос на контрастот од 2000:1
  • Создавајте јасни и беспрекорни слики со живописни и прецизни бои користејќи го LCOS панелот и технологијата AISYS
  • Објектив со зум до 1,8x и рачно поместување, зумирање и фокусирање за брза и прецизна инсталација
  • Поврзете многубројни различни уреди благодарение на поврзувањето преку HDBaseT** и Wi Fi за безжичен LAN со Network Multi Projection (NMPJ)
  • Во напредните функции за обработка на слика спаѓа хардверско спојување на рабовите, слика-до-слика и трапезоидна корекција во четири агли
  • Проектирање повеќе слики истовремено без употреба на компјутер преку USB користејќи најмногу девет проектори
  • HDMI и RJ-45 мрежен приклучок
  • Лесен пристап до лампата и филтерот за воздух за минимални трошоци за одржување
  • Енергетски ефикасен, со работен век на лампата до 5000 часа и шум од само 30 dBA во еко режим

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon XEED WUX500

Компактен монтажен проектор со висока резолуција


Уживајте во извонреден квалитет на слика и разновидни опции за поврзување со компактниот монтажен проектор XEED WUX500 кој тежи само 5,6 Kg. Тој прикажува светли и детални слики со висока резолуција од компјутерски извори и видеоизвори, со лесно читлив текст и јасна графика благодарение на стандардната резолуција WUXGA (1920 x 1200 пиксели), а поддржува и Full HD.

Постојана* осветленост


Оптичкиот систем AISYS од Canon обезбедува моќна осветленост од 5000 лумени и сооднос на контрастот од 2000:1 за јасни слики дури и при високи нивоа на амбиентална осветленост. Објективот со зум од 1,8x има фиксна решетка од F2,8, така што светлината речиси и не се менува независно од поставките на зумот.

Напредна технологија на панели LCOS


LCOS (течни кристали врз силикон) панелите функционираат во комбинација со системот AISYS за да создадат неверојатно јасни и беспрекорни слики со живописни и прецизни бои, кои не содржат несакани ефекти на „решетка“ или „виножито“ кои најчесто се видливи кај панелите со друга технологија.

Моќни функции за обработка на слика кои ви нудат контрола


Изборот на напредни функции ви нуди врвна флексибилност и контрола врз обработката на слика. Вградените функции за спојување рабови и прилагодување на регистрацијата овозможуваат беспрекорно спојување на слики од повеќе проектори, а трапезоидната корекција во четири точки овозможува остри и прецизни слики дури и кога проектирате под агол. Режимот слика-до-слика овозможува проекција од два дигитални извори (или еден дигитален и еден аналоген) што е идеално за видеоконференции.

Прекрасен и едноставен


Објективот со зум од 1,8x на проекторот со препознатлив квалитет од Canon нуди прецизна геометрија, остар фокус и прецизност, а опремен е со моторизирано вертикално и хоризонтално поместување на објективот за неверојатна флексибилност при монтирањето.

Разновидни опции за поврзување


Проектирајте фотографии и видеоматеријали од голем број различни извори користејќи го обемниот избор на влезови. Тука спаѓа поврзувањето преку HDBaseT** и Wi Fi, како и функцијата за Network Multi-Projection (NMPJ) за едноставно жично или безжично проектирање преку LAN. Достапни се HDMI и DVI приклучоци за дигитален влез, а фирмверот може едноставно да се ажурира преку USB приклучокот, кој овозможува и директно проектирање од USB флеш уреди без користење на компјутер. Вградениот мрежен приклучок RJ-45 овозможува далечинско набљудување и контрола и нуди поддршка за стандардот „Crestron Connected™“.

Енергетски ефикасен и едноставен за одржување


Енергетски ефикасниот ЕКО режим овозможува траење на лампата до 5000 часа, а го намалува и шумот на вентилаторот до 30 dBA за потивко опкружување. Одржувањето е едноставно поради брзото и едноставно менување на лампата и филтерот за воздух во опкружувањето каде што е монтиран. WUX500 нуди напредна гаранција од три години со услуга за позајмување од Canon која ви овозможува да позајмите проектор уште следниот ден*** кој може да го користите во деновите додека се поправа вашиот уред.

Медицинска верзија


Достапна е и наменска медицинска верзија која е компатибилна со DICOM 14.

*Осветленоста може да се намали до 5%. Врз база на големина со единечна слика.
**Погледнете подолу за да дознаете кои HDBaseT предаватели се компатибилни.
***Под следен ден се подразбира дека, таму каде што е можно, позајмениот производ ќе се испорача на денот по поднесување на барањето за поправка. Ако барањето го добиеме попладне, за време на викенд или на празник, позајмениот производ ќе го испорачаме во рок од два дена. Оваа услуга за позајмување подлежи на сите правила и услови и е достапна само во одредени земји.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon XEED WUX500, неговите функции и можности.

For powerful brightness and a high contrast ratio

За моќна светлина и голем сооднос на контрастот

Full HD video reproduced in perfect detail

Репродукција на Full HD видео записи со совршени детали

HDMI Port

HDMI приклучок

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард

HDBT

HDBT

Wi-Fi CERTIFIED

Сертификат за Wi-Fi

Компатибилни HDBaseT предаватели

(Може да бидат компатибилни и други предаватели, но не се тестирани)

ПроизводителТипИме на моделПоврзување преку HDBaseTЗабелешка
ВидеоАудиоLANRS-232C
CrestronПредавателDM-TX-201-CДаДаДаНеОвој TX нема RS-232C приклучок.
DM-TX-401-CДаДаДаНе
KramerПредавателTP-581TДаДаДаДа
TP-582TДаДаДаДа
AMXПредавателDX-TXДаДаДаНеОвој TX не поддржува RS-232C за проекторот.
ExtronПредавателXTP T USW 103НеНеНеНе
GefenПредавателGEF-HDCAT5-ELRPOL(S)ДаДаНе*³НеОвој TX не поддржува RS-232C за проекторот.
AtlonaПредавателAT-HDTX-RSNETДа*¹ДаДаНе
CYPПредавателPU-507-KITДа*¹ДаДаДа

*¹ Можно е да не прикаже слика со очекуваната резолуција кога ќе поврзете одредени влезни уреди
*² Овој проектор не ја поддржува функцијата „Extron XTP“.
*³ Комуникацијата преку LAN не е можна додека проекторот е во режим на подготвеност (TX не го поддржува режимот LPPF2)

Одрекувања на одговорност
Зададената поставка е LAN (Gbit).
За менување помеѓу HDBaseT⇔LAN(Gbit) треба да го рестартирате проекторот.

Студии на медицински случаи со XEED

Case Study Gesundheit Nord Medical

Медицински центри Gesundheit Nord

Видео проекторите на Canon ги прикажуваат најострите слики за докторите во групацијата "Gesundheit Nord Klinikverbund Bremen gGmbH". Користејќи ги медицинските видео проектори XEED SX80 Mark II, тие ја модернизираа нивната секојдневна рутина, а дигиталните рентгенски системи сега се користат за секојдневни консултации во четири клиники во Бремен.

Case Study inamo Restaurant

Ресторан inamo , Лондон

Во 2010 година, во inamo st james беа поставени повеќе од 90 XEED проектори од Canon. Проекторите се дел од решението E-TableTM во сопственост на inamo, кое им овозможува на корисниците да го нарачаат својот оброк, да изберат дигитална прекривка за масата, да гледаат "ChefCam", па дури и да нарачаат такси до својот дом, сето тоа преку проектирана слика на нивната маса.