XEED WUX5000 ја применува технологијата LCOS и обезбедува 5000 лумени, WUXGA резолуција, поддршка за Full HD и моторизирани заменливи објективи – и при тоа одново го дефинира квалитетот на сликата кај монтажните проектори.
Погледнете подетални информации за Canon XEED WUX5000
XEED WUX5000 ја подига границата за квалитет кај монтажните проектори. Овозможувајќи проекција со WUXGA резолуција (1920 x 1200 пиксели), тој прикажува слики од PC или Macintosh со исклучителна јасност и репродуцира Full HD видео со совршени детали. Технологијата LCOS на Canon обезбедува слика со неверојатен квалитет, која ги надминува типичните несакани ефекти при проектирање на конвенционална слика која предизвикува ефекти на „решетка“ или „виножито“.
XEED WUX5000 се одликува со најновата генерација на оптичкиот систем AISYS од Canon, кој обезбедува моќни 5000 лумени за сите содржини, независно од боите. AISYS ги оптимизира перформансите на панелите LCOS, за добивање на резултати кои постигнуваат „реалистична“ осветленост на боите. Големиот сооднос на контрасот од 1000:1 обезбедува живописни бои и одлични црни тонови. Усогласувањето на Delta-E бои е извонредно и многу близу до професионално калибрирани уреди.
За XEED WUX5000 е достапна палета на висококвалитетни моторизирани објективи. Објективот за стандардно зумирање од 1,5x е идеален за повеќето инсталации, а за поголеми простории е достапен објектив за зумирање од 1,7x со долг фокус. Исклучително широкиот фиксен објектив е совршен за задни проекции. Висококвалитетните објективи од Canon се специјално дизајнирани да ја максимизираат осветленоста со исклучителна дефиниција и геометрија на сликата.
За едноставно користење, функциите за моторизирано зумирање, фокусирање и поместување на објективот може да се менуваат преку далечинскиот управувач со прецизност од половина пиксел. XEED WUX5000 поседува совршена контрола која е потребна за монтирање на еден или повеќе проектори, како 3D, системи со редење или спојување и куполи.
Приклучоците DVI-D и HDMI овозможуваат поврзување на XEED WUX5000 со дигитални High Definition извори. Тука се и 15-пинскиот VGA приклучок и трите мини-приклучоци за аудио поврзување. Сериските и мрежните порти овозможуваат контролирање и следење, додека компатибилноста со PJLink е идеална за интегрирање на AV систем.
Одржувањето никогаш не било побрзо или полесно. Лампата со висока ефикасност има работен век до 3000 часа (4000 часа во тивок режим), а пристапот до неа е едноставен од задната страна на проекторот. Филтерот за воздух едноставно се извлекува од едната страна. Обезбеден е брз пристап и до важните оптички компоненти, така што нема потреба од сложено расклопување.
Дознајте повеќе за Canon XEED WUX5000, неговите функции и можности.
За моќна светлина и голем сооднос на контрастот
Репродукција на Full HD видео записи со совршени детали
HDMI приклучок
Протокол за контрола со индустриски стандард