Canon XEED WUX6000

XEED WUX6000

Добијте навистина прекрасни слики со најдобриот монтажен проектор од Canon. Тој се одликува со стандардна WUXGA резолуција, светлина на бои до 6000 лумени и избор од пет висококвалитетни изборни објективи.

Придобивки

  • Добијте детални и неверојатно реалистични слики со стандардна WUXGA резолуција
  • Проектирајте со огромна светлина до 6000 лумени и сооднос на контраст до 2000:1
  • Уживајте во живописни слики со прецизни бои, користејќи ја технологијата за панели LCOS
  • Изберете од петте висококвалитетни заменливи објективи за проектори од Canon
  • Објектив со моторизирано поместување, зумирање и фокусирање за брза и прецизна инсталација
  • Проектирајте слика-до-слика од два дигитални извора
  • Новиот напреден процесор за слика нуди функции како хардверско спојување на рабовите, слика-до-слика и трапезоидна корекција во четири агли
  • Лесен пристап до лампата и филтерот за воздух за минимални трошоци за одржување

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon XEED WUX6000

Слики кои ќе ја пленат вашата публика


Уживајте во нови стандарди со монтажните проектори XEED од Canon, односно моделот WUX6000. Тој нуди живописни и детални слики од компјутерски извори и видеоизвори - благодарение на стандардната WUXGA резолуција и поддршката за Full HD. Ексклузивната оптика AISYS од Canon создава светлина до 6000 лумени и сооднос на контрастот од 2000:1 за да обезбеди јасни слики, дури и при високи нивоа на амбиентално осветлување.

Напредна технологија на панели LCOS


LCOS (течни кристали врз силикон) панелите функционираат во комбинација со системот AISYS на Canon за да создадат исклучително јасни слики. Боите се реалистични, а сликите не ги содржат несаканите ефекти на "решетка" или "виножито" кои најчесто се видливи кај панелите со друга технологија. Технологијата LCOS која е присутна кај WUX6000 нуди неверојатен сооднос на решетката од 96%, поради што WUX6000 е идеален за опкружувања во кои се потребни јасни, а сепак детални слики.

Пет флексибилни заменливи објективи од Canon


Впарете го вашиот WUX6000 со совршен објектив за секое опкружување, благодарение на достапниот избор од пет објективи за проектирање на Canon со врвен квалитет. Добијте неверојатна прецизност и огромна флексибилност при инсталацијата, со користење на вертикалното и хоризонталното моторизирано поместување на објективот, со прецизност до половина пиксел. Секој објектив ја применува препознатливата технологија на Canon и нуди прецизна геометрија, остар фокус и прецизност какви што можете да очекувате од предводник во оптиката за обработка на слика.

Два дигитални влеза за дополнителна придобивка


Достапните влезови кај WUX6000 ви нудат максимална флексибилност. Со два DVI и HDMI влезови, тој претставува идеален проектор за видео конференции за кои е потребен приказ на слика-до-слика. Проектирањето на слика-до-слика може да се изврши преку два дигитални извора или преку еден дигитален и еден аналоген извор.

Моќни функции кои ви нудат контрола


WUX6000 ви нуди врвна флексибилност и контрола врз презентациите на слики. Напредните функции, како хардверско спојување на рабовите, овозможуваат беспрекорно спојување на слики од повеќе проектори, за да добиете импресивни решенија со повеќе екрани. Трапезоидната корекција во четири точки овозможува остри и прецизни слики дури и кога проектирате под агол, а хоризонталното и вертикалното прилагодување ви овозможуваат да добиете совршено RGB порамнување на панелот со прецизност до еден пиксел.

Модуларен дизајн за едноставно одржување


WUX6000 се одржува на многу едноставен начин. Лампата и филтерот за воздух можат да се заменат во само неколку лесни чекори - без потреба да го отстранувате проекторот од местото каде што е поставен. WUX6000 нуди напредна гаранција од три години со услуга за позајмување од Canon која ви овозможува да позајмите проектор уште следниот ден* кој може да го користите во деновите додека се поправа вашиот уред.

*Под следен ден се подразбира дека, таму каде што е можно, позајмениот производ ќе се испорача на денот по поднесување на барањето за поправка. Ако барањето го добиеме попладне, за време на викенд или на празник, позајмениот производ ќе го испорачаме во рок од два дена. Оваа услуга за позајмување подлежи на сите правила и услови и е достапна само во одредни земји.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon XEED WUX6000, неговите функции и можности.