Овој уникатен и иновативен компактен WXGA+ монтажен проектор со кратка оддалеченост на проекција има значително вертикално поместување на објективот од 77%. Одликувајќи се со осветленост од 4500 лумени, тој проектира слика со врвен квалитет од околу една третина од растојанието за проекција кај конвенционалните проектори.
Подетално разгледување на Canon XEED WX450ST
Уникатниот XEED WX450ST е извонредно светол компактен монтажен мултимедијален проектор со висока резолуција. Објективот од Canon со кратка оддалеченост на проекција располага со исклучително широк опсег на вертикално и хоризонтално поместување на објективот. Со сооднос на проекција од само 0,571:1, овој целосно нов објектив речиси го елиминира изобличувањето (типично 0,1%). Тој може да проектира слика од 100" од околу една третина од растојанието кај конвенционалните проектори, т.е. од само 1,23 метри. И покрај кратката фокусна должина, објективот проектира слики со дијагонала од 30" па сè до 300". Благодарение на вертикалното и хоризонталното поместување – вклучувајќи го и исклучително широкиот вертикален опсег од 77% – проекторот може дискретно да се постави над или под екранот и е погоден за предна и задна проекција.
Најновиот оптички систем AISYS е досега најефикасниот оптички систем од Canon, обезбедувајќи осветленост од 4500 лумени и сооднос на контрастот од 2000:1. Така, сликите се јасни, светли и живописни – со истите исклучително прецизни бои и рамномерно прикажување на сликата што ги очекувате од серијата XEED.
Стандардната WXGA+ резолуција (1440 x 900 пиксели) е поддржана од технологијата на екрани LCOS, која обезбедува неверојатни, совршено рамномерни слики. Покрај оптиката со професионален квалитет, новиот процесор за обработка на сликата кај WX450ST располага со функции за практично монтирање, како на пр. хардверско спојување на рабовите, прилагодување на регистрацијата на плочата (за да се осигури совршено RGB порамнување на панелот) и вградени шаблони за тестирање. Начинот на прикажување слика-до-слика поддржува двоен дигитален влез, што е совршено за модерните апликации за видео конференции. Функцијата за трапезоидна корекција во 4 точки помага при проектирањето на сликата од речиси кој било агол со совршена геометрија, додека намалувањето на заматеноста кај движењата ја одржува острината на сликата за време на репродукцијата на видео со брзи движења.
Новото куќиште со рамна горна страна овозможува интелигентно монтирање со ногарки и е идеално за напредните инсталации со повеќе проектори. Лесно се постигнува поставување на уредите во серија, како и проектирање нагоре и надолу.
HDMI и DVI-I приклучоците обезбедуваат дигитален влез, додека firmware-от лесно се ажурира преку USB приклучокот, кој исто така овозможува директно проектирање од USB флеш уреди. Crestron RoomView® обезбедува моментална универзална далечинска контрола и надгледување, додека функцијата Network Multi-Projection (NMPJ) овозможува лесно проектирање преку LAN.
Лампата на XEED WX450ST може да трае до 5000 часа при користење во ECO режим. Наменското ECO копче моментално го активира режимот на лампата со намалена енергија и другите функции за заштеда на енергија, за исклучителна енергетска ефикасност при користењето.
Дознајте повеќе за Canon XEED WX450ST, неговите функции и можности.
За моќна светлина и голем сооднос на контрастот
Можност за HD
HDMI приклучок
Crestron