Најкомпактниот WXGA+ монтажен проектор од Canon. Светлите 5200 лумени остануваат непроменливи* низ целиот опсег на зумирање.
Подетално разгледување на Canon XEED WX520
XEED WX520 е најосветлениот и најкомпактен WXGA+ монтажен проектор од Canon. Користете го за проектирање на светли, јасни и живописни слики, независно од растојанието за проекција.
Уживајте во исклучителните 5200 лумени и соодносот на контрастот од 2000:1 благодарение на оптичкиот систем од најнова генерација AISYS од Canon. Осветленоста останува практично непроменета низ целиот опсег на зумирање кај објективот за проектирање со зум од 1,8x, благодарение на непроменливата решетка од F2,8. За разлика од многу конкурентски модели, речиси нема падови кон телефото крајот на опсегот.
Целосно новиот процесор за слика го подобрува квалитетот на сликата и нуди вградено спојување на рабовите со прилагодување на регистрацијата, што е совршено за опкружувања со повеќе екрани. Режимот слика-до-слика е поддржан благодарение на двата дигитални влезови, со што овој модел е идеален за видео конференциите. Намалувањето на заматеноста кај движењата ја одржува острината на сликата дури и кај видео снимките со брзи движења, додека трапезоидната корекција во 4 точки овозможува проектирање од речиси кој било агол. Стандардната WXGA+ резолуција (1440 x 900 пиксели) е поддржана од технологијата на екрани LCOS, која проектира исклучително рамномерни и детални слики.
Благодарение на вграденото вертикално и хоризонтално поместување на објективот, XEED WX520 е лесен за монтирање. Проекторите може да се поставуваат во серија или да се конфигурираат на повеќе начини, што е овозможено со рамната горна страна и опциите за интелигентно монтирање со ногарки.
HDMI и DVI приклучоците ви овозможуваат дигитално поврзување за ненадминат квалитет на сликата. Firmware-от може да се ажурира брзо и едноставно преку USB приклучокот на проекторот, кој исто така овозможува директно проектирање од USB флеш уреди. Функцијата Network Multi-Projection (NMPJ) овозможува лесно проектирање преку LAN, додека Crestron RoomView® обезбедува моментална универзална далечинска контрола и надгледување.
XEED WX520 се одликува со подолг работен век како резултат на новите поиздржливи оптички компоненти. При користење во ECO режим, лампата може да трае до 5000 часа; додека лесно достапната лампа и филтерот за воздух може да се заменат без демонтирање на проекторот.
XEED WX520 нуди најниска потрошувачка на енергија во својата класа**, надополнета од наменското ECO копче кое го активира режимот на лампата со намалена енергија и другите функции за заштеда на енергија.
*Осветленоста може да се намали до 5%. Врз база на големина со единечна слика.
**Проектори од 3000 - 6000 лумени, големина на панел од 0,8” или помалку, модели со една лампа. Врз база на истражување од Canon Inc од мај 2013.
Дознајте повеќе за Canon XEED WX520, неговите функции и можности.
За моќна светлина и голем сооднос на контрастот
HDMI приклучок
Можност за HD
Crestron