XEED WX6000 се одликува со технологиите LCOS и AISYS, можност за моторизирани објективи кои обезбедуваат осветленост на боите од 5700 лумени и WXGA+ резолуција – совршено за деловно работење кое треба да се надгради со проекција во широк формат.
Подетално разгледување на Canon XEED WX6000
Нудејќи извонредни 5700 лумени, XEED WX6000 претставува идеален монтажен проектор со LCOS технологија. Нудејќи стандардна WXGA+ (1440x900) резолуција, тој е совршен за простории во кои осветлувањето е најважно: како сали за одржување на конференции и големи простории.
LCOS панелот од 0,7”, заедно со оптичкиот систем AISYS од Canon, ќе ѝ овозможат на вашата публика да гледа само совршени и беспрекорни слики – дури и во големи простории како хотелски простории за одржување на конференции и центри за изложби.
Проекцијата со формат од 16:10 и голем сооднос на решетката овозможува прикажување на рамномерни слики, правејќи го овој модел сериозна опција за компаниите за креативно прикажување на лого ознаки и други прецизни дизајни. Соодносот на контрастот од 1000:1 овозможуваат прикажување на длабоки темни тонови и живописни бои.
За монтажните проектори се потребни исклучително прецизни објективи, а XEED WX6000 ќе ви го понудат квалитетот и флексибилноста кои ви се потребни. Благодарение на технологијата за објективи на Canon, вие сигурно ќе добиете слика со врвна резолуција и максимална светлина.
Функциите за напредно монтирање со прецизност од ½ пиксели ги прикажуваат вашите слики колку што е можно подобро - неопходно за монтирање на повеќе проектори, како 3D, системи со редење или спојување и куполи.
Четирите заменливи објективи со голема прецизност, вклучувајќи и стандардно зумирање од 1,5x, широк агол, големо зумирање од 1,7x и извонредно големо зумирање од 1,95x, го одржуваат квалитетот на сликата на флексибилен начин дури и во големи простории.
XEED WX6000 се одликува и со палета на интелигентни функции за верно и прецизно презентирање на вашите слики. Индивидуалната RGB контрола и 6-насочното прилагодување на бои и гама детали ќе ви овозможат да направите прекрасно усогласување на боите кое е слично како кај професионално подесените уреди.
XEED WX6000 нуди голем избор на опции за поврзување кои се соодветни за деловно работење, образование и опкружувања за јавни презентации. Приклучоците DVI и HDMI™ ви овозможуваат да проектирате дигитални High Definition слики и видео записи, додека приклучоците за поврзување во мрежа и RS232C овозможуваат едноставно поврзување со системот за контрола во вашата просторија и LAN. Поддржан е и индустрискиот стандард PJLink™,кој овозможува контролирање и следење преку IP адреса. Заедно со флексибилното монтирање под агол од 360°, овие функции го прават XEED WX6000 неверојатно разновидно решение за деловно работење.
Со помалку од 0,08 вати по единица за осветлување, потрошувачката на енергија кај XEED WX6000 е една од најдобрите во целата индустрија.
Дознајте повеќе за Canon XEED WX6000, неговите функции и можности.
За моќна светлина и голем сооднос на контрастот
Можност за HD
HDMI приклучок
Протокол за контрола со индустриски стандард
Преземете ги сериските команди кои се потребни за подесување на далечинскиот управувач на WX6000
Видео проекторите на Canon ги прикажуваат најострите слики за докторите во групацијата "Gesundheit Nord Klinikverbund Bremen gGmbH". Користејќи ги медицинските видео проектори XEED SX80 Mark II, тие ја модернизираа нивната секојдневна рутина, а дигиталните рентгенски системи сега се користат за секојдневни консултации во четири клиники во Бремен.
Во 2010 година, во inamo st james беа поставени повеќе од 90 XEED проектори од Canon. Проекторите се дел од решението E-TableTM во сопственост на inamo, кое им овозможува на корисниците да го нарачаат својот оброк, да изберат дигитална прекривка за масата, да гледаат "ChefCam", па дури и да нарачаат такси до својот дом, сето тоа преку проектирана слика на нивната маса.