Easy-PhotoPrint од Canon (Canon EPP) е бесплатна апликација која ви овозможува едноставно печатење на фотографии од паметни телефони (smartphones) и таблет уреди (tablets) со Windows RT на компатибилни PIXMA печатачи* преку локална безжична мрежа (Wi-Fi).
Карактеристики
Автоматски пронаоѓа компатибилни печатачи на Wi-Fi мрежата
Печати слики од вашите мобилни уреди со Windows RT
Овозможува печатење со или без рабови
Едноставен избор од широка палета на видови и големини на хартија
Испечатете една или повеќе копии од вашите фотографии
Поддржува JPEG, BMP, GIF и PNG фајлови
Како се користи
Едноставно преземете ја апликацијата Canon EPP од Windows Store на вашиот мобилен уред и допрете ја иконата Canon EPP за да започнете.
* Погледнете ги спецификациите на производот за компатибилност
1. Активирајте ја апликацијата Canon EPP и додадете ги сликите со допирање на копчето "Регистрирај слики"
Испечатете постоечка фотографија
2. Изберете ги сликите кои се складирани во вашиот уред за да се регистрираат со апликацијата EPP и допрете "Отвори"
3. Изберете една или повеќе слики и допрете "Печати".
4. Потврдете ги подесувањата за печатење во новиот прозорец и допрете "Печати". За да пронајдете или промените печатач изберете "Пребарувај".
5. Ќе се појави страница за процесот на печатење.
За да овозможи поедноставно користење, положбата на апликацијата EPP на екранот автоматски ротира заедно со вашиот паметен телефон или таблет уред.