i-SENSYS LBP151dw е брз и компактен црно-бел ласерски печатач со Wi-Fi, поддршка за PCL и можност за користење со мобилни уреди кој има достапна цена и е идеален за широка примена.
Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS LBP151dw
i-SENSYS LBP151dw уред што заштедува простор и нуди извонредна брзина по многу достапна цена. Големата брзина на печатење од 27 стр./мин. е надополнета со двострано печатење, потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од 8 секунди и технологиите за брзо печатење на првата страница од Canon за да овозможи брзо печатење, дури и од режим на мирување.
Поврзувањето на печатачот во локална или Wi-Fi мрежа е многу едноставно - со притиснување едно копче. Можете да печатите безжично од сите мобилни уреди што поддржуваат Mopria, користејќи ја бесплатната дополнителна компонента. Исто така, можете да пристапите до многубројни напредни функции на вашиот уред со iOS или Android со бесплатната апликација Canon PRINT Business.
i-SENSYS LBP151dw се поврзува директно на Cloud без потреба од компјутер. Можете да го поврзете со вашата сметка на Google Cloud Print за неколку секунди и веднаш да почнете да печатите со него преку сите компатибилни уреди.
За професионалците од областа на ИТ, i-SENSYS LBP151dw е совршено решение за бројни проблеми, поради тоа што беспрекорно се поврзува во мрежа и нуди компактна и достапна сигурност.
Овој печатач е тивок, поради што е идеален за трговски опкружувања, банкарски филијали и хотелски рецепции, а се одликува со мала потрошувачка на енергија и енергетска ефикасност која е водечка во неговата класа.
Сè-во-едно картриџот за печатење овозможува ракување без одржување и сигурно висококвалитетно печатење. Оригиналните ласерски картриџи од Canon содржат тонер, барабан, единица за чистење и лесно за менуваат за неколку секунди.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP151dw, неговите функции и можности.
Автоматско двострано печатење
Користење и споделување преку мрежа
USB поврзување
PCL печатење
Безжично користење и споделување
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред