Овој црно-бел ласерски печатач за A4 формати е брз, практичен за користење и сигурен. Благодарение на одличниот избор на опции за Cloud услуги и мобилни уреди, тој е совршен за висококвалитетното печатење кое им е потребно на работните групи и мали деловни претпријатија.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS LBP251dw
Дали треба да го преземете првиот чекор за набавување деловен квалитетен печатач, бидејќи сакате побрзо и посигурно печатење со поголема брзина? Црно-белиот ласерски печатач i-SENSYS LBP251dw за A4 формати е вистинскиот избор. Малите деловни тимови и работни групи ќе можат да ги извршуваат секојдневните задачи за печатење со поголема брзина од 30 стр./мин. и ќе можат да започнат да печатат од режим на мирување или на подготвеност за само неколку секунди. А благодарение на компактната големина и паметниот изглед, тој е идеален за во опкружувања во кои постои личен контакт со клиентите или во опкружувања со ограничен простор.
Доследната сигурност и обновениот квалитет се гарантирани при секое менување на тонерот благодарение на сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon кои лесно се заменуваат. Изберете ги картриџите за голема потрошувачка со поголема издржливост доколку сакате да го користите печатачот подолго време и со помалку интервенции. Со следење на единствениот картриџ ќе ги намалите администраторските обврски, односно ќе имате помалку елементи за нарачување и управување.
Ако вие и вашите тимови сакате флексибилност за беспрекорно движење помеѓу локации и уреди, тогаш LBP251dw е идеален печатач за вас. Независно како или каде ќе изберете да работите, вашиот LBP251dw секогаш ќе биде подготвен и достапен. Печатете од вашиот iPhone® или iPad® преку Apple AirPrint™ или од вашиот уред со Android преку Google Cloud Print, независно дали сте во канцеларијата или надвор од неа.
LBP251dw нуди софистицирани можности за беспрекорна интеграција во ИТ мрежите. Поддршката за PCL5e/6 го прави идеален избор за управувани опкружувања, а далечинскиот кориснички интерфејс заштедува драгоцено време бидејќи ИТ менаџерите можат да ги следат и ажурираат поставките без да доаѓаат на самата локација. Благодарение на стандардните можности за поврзување преку Wi-Fi и етернет, LBP251dw располага со сите функции што ви се потребни за да бидете во чекор со развојот на вашиот бизнис.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP251dw, неговите функции и можности.
Автоматско двострано печатење
Користење и споделување преку мрежа
USB поврзување
Практичен LCD екран
+1 изборна касета за хартија
PCL печатење
Безжично користење и споделување
Безжично користење и споделување
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.