i-SENSYS LBP253x

Овој брз и компактен црно-бел ласерски печатач за A4 формати е препознатлив по својот квалитет, практично користење и вредноста што ја добивате за парите. Тој се одликува со екран на допир во боја, NFC и голем број опции за флексибилно поврзување.

Придобивки

  • Компактен и цврст црно-бел ласерски печатач за A4 формати со NFC кој е идеален за мали работни групи
  • Печати висококвалитетни документи со продуктивна брзина од 33 стр./мин.
  • Едноставно ракување преку интуитивен екран на допир во боја
  • Доследна сигурност и квалитет преку сè-во-едно картриџите со тонер од Canon
  • Печатете директно од секој компатибилен таблет-уред или паметен телефон преку функцијата NFC Touch & Print
  • Уживајте во печатењето без да користите компјутер директно од USB мемориски уред
  • Печатете доверливи документи на безбеден начин со заштитата со PIN код
  • Може да се користи со мобилни телефони и Cloud услуги благодарение на поддршката за AirPrint™, Mopria и Google Cloud Print
  • Бесплатна апликација од Canon со која ќе извлечете максимум од уредите со iOS и Android
  • Поддршка за мрежно работење и работни процеси, вклучувајќи и Wi-Fi, PCL5e/6, Adobe® PostScript™ и uniFLOW

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon i-SENSYS LBP253x

Совршен почеток за печатење на работните групи


Малите тимови ќе можат брзо и едноставно да печатат висококвалитетни документи со овој црно-бел ласерски печатач за A4 формати кој е одлично опремен. Компактната големина и паметниот изглед на i-SENSYS LBP253x се идеални за во опкружувања во кои се присутни клиенти или за во динамични работни опкружувања. Секојдневните задачи за печатење ќе ги извршувате со поголема брзина од 33 стр./мин. и ќе можете да започнувате со печатењето од режим на мирување или на подготвеност за само неколку секунди.

Интуитивен за ракување


Добивајте одлични резултати уште при првата употреба благодарение на интуитивниот екран на допир во боја од 8,9 cm на LBP253x. На него се прикажани паметните функции кои заштедуваат време и кои можете да ги изберете со допир: на тој начин дури и неискусните корисници ќе можат лесно да пристапат до целиот потенцијал на LBP253x. Доследната сигурност и обновениот квалитет се гарантирани при секое менување на тонерот благодарение на сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon кои лесно се заменуваат, а се достапни и во подолготрајна верзија за голема потрошувачка.

Одлична поддршка за мобилни уреди и Cloud услуги


Денешните работници сакаат флексибилност за беспрекорно движење помеѓу локации и уреди. Но, независно како или каде ќе изберете да работите, вашиот LBP253x секогаш ќе биде подготвен и достапен. Печатете од вашиот iPhone® или iPad® преку Apple AirPrint™ или од вашиот уред со Android/Google благодарение на компатибилноста со Mopria. За организациите што користат Google на работното место, LBP253x се испорачува со поддршка за Google Cloud Print.

Поврзете се и печатете на едноставен начин


Ако сакате поголема практичност и флексибилност, зошто не започнете да ја користите функцијата Touch & Print за поврзување на LBP253x преку NFC? Впарете компатибилен мобилен уред, а потоа печатете директно преку апликацијата Canon PRINT Business: навистина едноставно. Или, пак, изберете ја опцијата на LBP253x за печатење без компјутер која ви овозможува да печатите и да прегледувате PDF, JPEG или TIFF фајлови директно од USB флеш уред. Благодарение на ваквите корисни функции, LBP253x ќе ги задоволи сите ваши потреби за печатење без напор и ќе овозможи непречено деловно работење.

Заштита на вашите информации и намалување на трошоците


Уживајте во сигурноста што ја нуди функцијата за безбедно печатење која ќе ви овозможи безбедно да печатите лични и доверливи документи од вашиот компјутер, таблет-уред или паметен телефон со PIN код. LBP253x ја заштитува и вашата профитабилност, со помош на функции како двострано печатење со кое се намалува потрошувачката на хартија и автоматско исклучување кое заштедува енергија кога печатачот не се користи.

Подготвен за интеграција и поврзување во мрежа


LBP253x нуди софистицирани можности за поврзување во мрежа кои беспрекорно се интегрираат во поголеми деловни опкружувања. Поддршката за PCL5e/6 и Adobe® PostScript™ го прави идеален избор за управувани опкружувања, а далечинскиот кориснички интерфејс заштедува драгоцено време бидејќи ИТ менаџерите можат да ги следат и ажурираат поставките без да доаѓаат на самата локација. Поддршката за платформата за управување со печатењето uniFLOW на Canon ќе им биде добредојдена на операторите за услугата за управување со печатењето и тимовите од Canon, придонесувајќи за одличната вредност и врвните перформанси на овој уред.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP253x, неговите функции и можности.

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

Use and share over network

Користење и споделување преку мрежа

USB connection

USB поврзување

Colour Touch Panel

Панел на допир во боја

+1 Optional Paper Cassette

+1 изборна касета за хартија

PCL Printing

PCL печатење

PostScript Printing

PostScript печатење

Secure print

Безбедно печатење

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

i-SENSYS Touch & Print

Допрете и печатете