Canon i-SENSYS LBP351x

i-SENSYS LBP351x

Печатење со голем капацитет кое е идеално за работни места со приоритет за продуктивност на кои им е потребен флексибилен црно-бел ласерски печатач.

Придобивки

  • Брзо печатење: 55 стр./мин. (A4), 59 стр./мин. (A5, хоризонтално)*
  • Зголемена продуктивност со капацитет за страници што може да се зголеми до 3.600 страници и избор на конфигурации со изборни касети
  • Соодветен за секакви опкружувања благодарение на малите димензии
  • Печатете од паметни телефони и таблет-уреди со поддршката за печатење од мобилни уреди
  • Ефикасно користење со употреба на картриџи за тонер со голем капацитет од Canon
  • Едноставно се управува како составен дел од вашата мрежа
  • Изборно безбедно печатење и складирање
  • Едноставно двострано печатење за намалување на трошоците и отпадот

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS LBP351x

Брзо и флексибилно печатење


Со брзина за црно-бело печатење од 55 стр./мин. и избор на флексибилни конфигурации, LBP351x е идеален за динамични работни опкружувања на кои им е потребен сигурен печатач со разновидни опции. Изборот од најмногу четири касети, заедно со изборниот магацин за хартија со голем капацитет, овозможуваат лесно конфигурирање на печатачот со голема продуктивност.

Голем капацитет со мали димензии


За да бидете продуктивни ви треба печатач со голем капацитет, па затоа LBP351x располага со огромен капацитет за 600 страници кој може да се зголеми до 3.600 страници. Компактен и моќен канцелариски уред со голем капацитет кој има мали димензии. Достапен е и картриџ со тонер за голема потрошувачка кој ќе ви овозможи да отпечатите повеќе страници пред да го замените, со што ќе ја зголемите продуктивноста. Независно од задачата за печатење, LBP351x ќе ви понуди разновидни опции. Тој е подготвен да печати двострани документи со големина од A5 до A4 за неколку секунди.

Печатење од Cloud и од мобилни уреди


Благодарение на поддршката за Apple AirPrint (iOS) и Mopria (Android) што ја нуди LBP351x, ќе можете да печатите од сите компатибилни уреди на едноставен начин. Исто така, ќе можете да пристапите до повеќе напредни функции преку апликацијата Canon PRINT Business. За оние кои користат Google на работното место, LBP351x се испорачува со поддршка за Google Cloud Print и овозможува беспрекорна интеграција.

Опции за паметно мрежно работење и управување


LBP351x е извонреден додаток со разновидни опции за вашата постоечка група на печатачи. Поддршката за PCL5e/6 и Adobe Postscript јазици за печатачи, овозможуваат беспрекорна интеграција во управуваните мрежни опкружувања. LBP351x е соодветен за опкружувања со управувани услуги за печатење и е компатибилен со системот за управување со далечински услуги e-Maintenance на Canon. Исто така, LBP351x може да се интегрира во платформата за управување со печатењето uniFLOW на Canon и да ви ја обезбеди ефикасноста и сигурноста на My Print Anywhere, како и дополнителни функции за сметководство и поврат на средствата.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP351x, неговите функции и можности.

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

+4 Optional Paper Cassette

+4 изборни касети за хартија

PCL Printing

PCL печатење

PostScript Printing

PostScript печатење

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Следни чекори

Решенија за мобилни уреди

Поврзани производи

* Потребна е A5 касетa C-A1

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.