Canon i-SENSYS LBP6020

i-SENSYS LBP6020

Достапен црно-бел ласерски печатач кој заштедува простор и е совршен за лична употреба. Обезбедувајќи квалитетно печатење без одржување, овој уред кој заштедува енергија е исклучително тивок и едноставен за користење.

Придобивки

  • Дизајн кој ќе ви заштеди простор
  • 18 стр./мин., време за печатење на првата страница од 7,8 секунди
  • Енергетска ефикасност
  • Тивко функционирање
  • "Сè-во-едно" картриџ за работење без одржување

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon i-SENSYS LBP6020

Компактност и заштеда на простор


Дизајниран за удобно сместување на работната маса, овој компактен и достапен црно-бел ласерски печатач е совршен за лична употреба. Неговиот елегантен дизајн кој заштедува простор вклучува капак за фахот за хартија на вовлекување, а неговите скромни димензии се 359 x 249 x 198 mm (Ш x Д x В)

Продуктивни перформанси


Искористете ги предностите на професионалното ласерско печатење со брзина од 18 стр./мин. Технологијата за брзо печатење на првата страница од Canon нуди брзо враќање во функција од режимот на мирување, а со печатењето на првата страница за само 7,8 секунди, може да се вратите на важните задачи без долго да чекате за печатење на материјалите.

Ласерско печатење со исклучителен квалитет


Печатење на најостар и најјасен текст и графика со многу детали благодарение на резолуцијата на печатење до 2400 x 600 dpi со автоматско усовршување на слика. Нашиот MS (магнетно-сферичен) тонер е специјално изработен за да обезбеди оптимални резултати при секое печатење.

Ефикасен и тивок


Овој енергетски ефикасен печатач користи само 0,8 вати во режим на мирување. Практичниот преден прекинувач за напојување го олеснува исклучувањето и уште повеќе ги намалува трошоците за електрична енергија. Благодарение на уникатниот дизајн на машината од Canon, i-SENSYS LBP6020 е бесчуен во режим на подготвеност и исклучително тивок додека работи - за да може да се фокусирате на работата без одвлекување на вниманието.

"Сè-во-едно" картриџ


"Сè-во-едно" картриџите кои може да се рециклираат обезбедуваат ракување без одржување и континуирано висококвалитетно печатење. Заменете го компактниот картриџ - кој содржи тонер, барабан и единици за чистење - со автентичен ласерски картриџ од Canon за неколку секунди и вашиот печатач повторно ќе биде како нов.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP6020, неговите функции и можности.

High print quality

Печатење со висок квалитет

Canon Advanced Printing Technology

Напредна технологија на печатење на Canon

USB connection

USB поврзување