Canon i-SENSYS LBP6310dn

i-SENSYS LBP6310dn

Овој компактен црно-бел ласерски печатач со можност за поврзување во мрежа и двострано печатење ја одржува вашата продуктивност и нуди перформанси кои им се потребни на малите и средните динамични деловни претпријатија.

Придобивки

  • Компактен, црно-бел ласерски печатач со 33 стр./мин.
  • Автоматско двострано печатење
  • Можност за поврзување во мрежа
  • Кратко време за печатење на првата страница
  • Нема чекање со технологијата за брз почеток на печатењето
  • Резолуција на печатење до 2400x600 dpi
  • Макс. Капацитет за хартија од 800 листови

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS LBP6310dn

Заштедете време и зголемете ја продуктивноста


Малите и средните деловни претпријатија кои печатат во голем обем ќе сфатат дека LBP6310dn е идеална алатка за зголемување на продуктивноста. Нудејќи црно-бело ласерско печатење со брзина од 33 стр./мин. и кратко време за печатење на првата страница од 6 секунди или помалку, LBP6310dn и помага на тимовите да работат брзо и без одложувања.

Создаден за врвни перформанси


Издржливиот дизајн помага во исполнување на задолжителните задачи. LBP6310dn е опремен со касета за 250 листови и фах за 50 листови, како стандардни опции. Дополнителната касета за 500 листови овозможува вкупна залиха на хартија од 800 листови, а тоа придонесува за ретко дополнување на хартија. Благодарение на практичниот дизајн кој заштедува простор, печатачот може практично да се смести во динамичните канцеларии. Автоматското двострано печатење создава документи со професионален изглед и истовремено заштедува време и пари.

Непроменливи одлични резултати


LBP6310dn нуди резолуција за печатење до 2400 x 600 dpi со автоматското усовршување на слика (AIR). Тоа овозможува значителна предност при создавањето на јасни и прецизни документи со врвен квалитет на слика, и тоа со голема брзина.

Можност за поврзување во мрежа за едноставно интегрирање и ракување


LBP6310dn содржи вграден мрежен интерфејс. Како резултат на тоа, тој може брзо и беспрекорно да се интегрира со вашата мрежа, така што овој печатач е идеален за споделување во рамките на малите деловни и работни групи. Далечинскиот кориснички интерфејс (RUI) овозможува далечинско следење и управување на LBP6310dn.

Едноставно и достапно одржување


"Сè-во-едно" картриџот кој не треба да се одржува ќе ви помогне да добиете континуирано печатење со висок квалитет. Сè-во-едно" картриџот – кој содржи тонер и сите важни делови – може да се замени за неколку секунди. Нема повеќе неред или грижи за одржување – само континуирано висококвалитетно печатење. Исто така, достапен е картриџ со тонер за поголема потрошувачка кој ви овозможува печатење на двојно поголема количина на страници.

Дизајн кој заштедува енергија


Со LBP6310dn може да заштедите енергија без да ги намалите перформансите. TEC* оценката од само 1,9 kwh/неделно, како и импресивната потрошувачка на енергија од 9 вати во режим на подготвеност и 1 ват во режим на мирување, придонесува за намалување на вашата емисија на јаглерод, ги поддржува вашите еколошки цели и овозможува помали работни трошоци. Алатката за автоматско исклучување дополнително ја зголемува енергетската ефикасност на печатачот.
* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од една недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star®: http://www.eu-energystar.org.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP6310dn, неговите функции и можности.

USB connection

USB поврзување

Canon Advanced Printing Technology

Напредна технологија на печатење на Canon

Use and share over network

Користење и споделување преку мрежа

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

+1 Optional Paper Cassette

+1 изборна касета за хартија

High print quality

Печатење со висок квалитет

Следни чекори

Едноставен сервисен план

За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.

Easy Service Plan