Одликувајќи се со максимална продуктивност и соодветна енергетска ефикасност, i-SENSYS LBP7660Cdn овозможува практично ласерско печатење во боја за динамичните работни групи.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS LBP7660Cdn
Максимизирајте ја продуктивноста во динамичните работни групи со овој стилски ласерски печатач во боја. Доволно компактен за да се смести на работна маса, на корисниците им нуди практичен печатач во непосредна близина кој нуди брзо печатење со професионален квалитет – 20 страници во минута во црно бело и во боја. Технологијата за брзо печатење на првата страница од Canon овозможува и пократко време за чекање на документите.
i-SENSYS LBP7660Cdn се одликува со резолуција за печатење од 9600 x 600 dpi за висококвалитетно печатење, која е подобрена со автоматското усовршување на слика за добивање на совршена завршна обработка при секое печатење. Печатачот е опремен со стандардна меморија од 768MB која му обезбедува капацитет да се справи со големи, сложени документи и графика, како и со потребите за мрежно печатење.
Дури и почетниците ќе можат едноставно да ракуваат со овој ласерски печатач во боја. Интуитивниот 5-линиски LCD екран овозможува едноставно подесување и навигација помеѓу различните подесувања на уредот.
i-SENSYS LBP7660Cdn беспрекорно се интегрира во вашите деловни задачи преку неговата поддршка за печатење со индустрискиот стандард PCL5c/6 и изборниот софтвер Adobe® PostScript. Благодарение на вградената Gigabit Ethernet врска, тој може да се справи со обемни работни задачи и да обезбеди оптимални мрежни перформанси.
Врвната енергетска ефикасност на i-SENSYS LBP7660Cdn ви овозможува да ги намалите трошоците – како и вашето влијание врз животната средина. Усогласен со Energy Star, тој троши само 1,0 ват енергија во режим на мирување и има ниска типична потрошувачка на енергија (TEC) од 0,9 kWh, а тоа го прави еден од најефикасните во неговата класа. Со вграденото автоматско двострано печатење може да ја намалите потрошувачката на енергија, која не само што ќе ви заштеди пари туку и ќе го намали вашето штетно влијание врз животната средина.
Благодарение на евтиниот "сè-во-едно" картриџ за бои – кој содржи тонер, барабан и единици за чистење – за печатачот не е потребно речиси никакво одржување. Картриџот лесно може да се замени за неколку секунди, без никаков неред. Со користење на автентичен ласерски картриџ од Canon може да бидете сигурни дека вашиот печатач ќе биде како нов.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP7660Cdn, неговите функции и можности.
PCL печатење
Изборно PostScript печатење
USB поврзување
Користење и споделување преку мрежа
Автоматско двострано печатење
+1 изборна касета за хартија
Практичен LCD екран
Печатење во боја со висок квалитет
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.