Врвен A4 ласерски печатач од Canon кој нуди до 32 стр./мин. во боја и црно-бело. Новата генерација на MEAP технологија му овозможува да им понуди разни опции на динамичните деловни работни групи кои печатат голем обем на документи.
Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS LBP7780Cx
MEAP, нашата платформа основана врз Java за создавање на апликации, е вградена за да може LBP7780Cx да се интегрира во решенија како uniFLOW, кое го поедноставува управувањето на печатењето и истовремено ги намалува трошоците.
Заштедете време со овој брз ласерски печатач, кој печати 32 стр./мин. (A4) во боја и црно-бело, а се одликува и со време за печатење на првата страница од 10,4 секунди. Идеален е за користење во динамични деловни работни групи, а брзото враќање во функција од режим на мирување значи дека нема долго да ги чекате вашите документи. Неговиот минималистички дизајн му овозможува уредно поставување во секоја канцеларија.
Добијте совршена завршна обработка со подобрената резолуција за печатење од 9600 x 600 dpi со автоматското усовршување на слика (AIR). Оваа функција автоматски го израмнува текстот и графиката.
Заштитете ги вашите информации со истите напредни функции кои се достапни кај нашите повеќефункционални печатачи imageRUNNER ADVANCE. Овде е вклучена и компатибилноста со IPSec и LAN IEEE 802.1x. Изборното безбедно печатење од поштенското сандаче не дозволува доверливиот материјал да отиде во погрешни раце.
5-линискиот LCD екран го прави овој печатач едноставен за ракување. Тој се одликува со касета за 500 листови и фах за 100 листови, како стандардни опции. Дополнителната касета за 500 листови овозможува вкупна залиха на хартија од 1100 листови за да можете да се справите дури и со најобемните задачи. "Сè-во-едно" картриџот на Canon – кој содржи тонер и сите важни делови – може да се замени за неколку секунди. Картриџот со црн тонер за поголема потрошувачка значи дека ќе правите уште помалку паузи за заменување на тонерот.
За да добиете документи со професионален изглед, LBP7780Cx автоматски печати на двете страни од документот – заштедувајќи хартија и намалувајќи ги редовните трошоци.
Вградената Gigabit Ethernet врска, со беспрекорна мрежна интеграција, го олеснува споделувањето на ресурсите за печатење и справувањето со обемните задачи. LBP7780Cx нуди поддршка за печатење и со индустрискиот стандард PCL5e/6 и Adobe® PostScript.
LBP7780Cx може да печати од USB медиуми за складирање кои поддржуваат Tiff, JPEG, PDF и XPS фајлови.
LBP7780Cx го намалува штетното влијание врз животната средина со типична потрошувачка на енергија (TEC) која е водечка во својата класа, со што ги поддржува вашите еколошки и одржливи цели, а ги намалува и работните трошоци.
* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од една недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star®: http://www.eu-energystar.org.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP7780Cx, неговите функции и можности.
USB поврзување
Практичен LCD екран
Користење и споделување преку мрежа
Печатење во боја со висок квалитет
Автоматско двострано печатење
+1 изборна касета за хартија
PCL печатење
PostScript печатење
Изборно безбедно печатење
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.