За на работа

Мрежни камери

Палетата на мрежни камери од Canon ви нуди соодветно решение за местата каде што надзорот е навистина потребен. Компактни, а сепак со врвни перформанси, тие нудат исклучителен квалитет на слика дури и при слаба осветленост, на места со големи безбедносни ризици.

Силните страни на технологиите на Canon

Мрежните камери од Canon нудат многубројни функции, прилагодување на сликата во реално време, повеќекратно проследување и софистицирана аналитика на видео записи за темелна обработка, следење и препознавање на потенцијални нарушувања на безбедноста и претворање на сето тоа во моќни докази.

Canon Technology Strengths_370

Придобивки за потрошувачите

Обработка на слика во секакви услови на осветлување

Imaging Across All Lighting Conditions

Применувајќи многубројни технологии за оптика и обработка на слика, безбедносните мрежни камери од Canon создаваат квалитетни слики со многу детали при секакви услови на осветлување.

Минимизирање на трошоците за проектите

Minimising Project Costs

Широкоаголниот приказ и напредните опции за откривање и алармирање, во комбинација со моќната заштита од временски услови и удари, ви нудат многубројни безбедносни опции за намалување на трошоците за проектите.

Палета на производи

Применувајќи го искуството во обработка на слика од над 70 години, сеопфатниот асортиман на мрежни камери од Canon го покриваат секој агол. Различните модели на камери од типот PTZ, со купола и во кутија со Full HD или резолуција од 1,3MP, кои се дел од асортиманот, нудат широко видно поле и импресивен квалитет на слика - дури и при слаба осветленост.

PTZ камери

Камери во купола

Камери во кутија

Набљудувајте пространи површини и следете ги објектите на едноставен начин со нашите камери кои имаат функции за поместување, закосување и зумирање (PTZ). Идеални за управување со сообраќај и набљудување во градови.

Нашите камери во купола се доказ дека набљудувањето може да биде дискретно. Компактни и со привлечен изглед, тие се совршени за затворени и отворени простории.

Создадени за да одговараат во различни ситуации, нашите камери во кутија нудат широки агли на гледање и лесно се инсталираат, без разлика дали се поставуваат на ѕид или таван.

Обука и поддршка

Студии за анализа

Case studies

Прочитајте ги приказните на нашите потрошувачи и дознајте како мрежните камери на Canon помогнале во решавање на вистински безбедносни предизвици.

Алатки за дизајнирање на системот

System Design Tools

Овие алатки ќе ви помогнат да дизајнирате соодветно решение за секакво сценарио.

Дополнителни ресурси на интернет

Преземете софтвер, фирмвер и упатства за вашата мрежна камера.

Дали барате постари мрежни фотоапарати?

Пронајдете спецификации и информации за компатибилна дополнителна опрема за постари мрежни камери во нашиот дел со архива за производи.