За на работа

Камери во кутија

Создадени за да одговараат во различни ситуации за набљудување, нашите камери во кутија нудат широки агли на гледање и се соодветни за користење во внатрешни и надворешни услови. Одликувајќи се со оптички и дигитален зум, резолуција до Full HD, интелигентни функции и интелигентна контрола на сенки, оваа моќна палета содржи дури и извонредно компактна камера за местата во кои дискретноста е приоритет.

Широкоаголен приказ

Широкоаголниот приказ до 112 степени овозможува набљудување на огромни површини со само една камера. Тоа значи дека мрежите за набљудување може да се состават од помалку камери, што резултира со помали трошоци. Дури и при најширок агол на гледање, квалитетот на сликата е импресивен, благодарение на објективот на Canon со оптичка корекција за намалување на ефектот “рибино око”.

Wide angle views
Simple to set up

Едноставно монтирање и ракување

Овие камери се дизајнирани за брзо и едноставно монтирање веднаш откако ќе ги извадите од кутијата, без потреба од претходно монтирање. Асортиманот на дополнителна опрема за надворешни услови овозможува флексибилност при надворешното поставување на ѕид, таван или столб. Кога се користат, електронскиот систем за фокус во заднина кај нашите камери во кутија VB-H и VB-M го задржуваат фокусот дури и при зумирање.

Камери во купола

Dome Cameras

Нашите камери во купола се доказ дека набљудувањето може да биде дискретно. Компактни и со привлечен изглед, тие се совршени за затворени и отворени простории.

PTZ камери

IPTZ Cameras

Набљудувајте пространи површини и следете ги објектите на едноставен начин со нашите камери кои имаат функции за поместување, закосување и зумирање (PTZ). Идеални за управување со сообраќај и набљудување во градови.