За на работа

Обработка на слика во секакви услови на осветлување
Услови

Обработка на слика во секакви услови на осветлување_билборд

Перформанси за слаба осветленост кои се водечки во класата

Перформансите за слаба осветленост и репродукција на бои на нашите мрежни камери се значително подобрени за да ги доловуваат реално и дневните и ноќните сцени. Како резултат на тоа, а притоа одржувајќи рамнотежа помеѓу шумот, резолуцијата и балансот на боите, нашите камери можат да создадат реална слика во боја дури и во услови со слаба осветленост.

„Без разлика која мрежна камера од Canon ќе ја изберете, бидете сигурни дека таа ќе ви ги понуди најдобрите перформанси при слаба осветленост“

Обработка на слика во несоодветни услови на осветлување

Несаканите ефекти од силната светлина во заднина или маглата можат да бидат деструктивни без ефикасно управување и компензација. Алгоритмите за обработка на слика создадени од Canon нудат најдобар квалитет на слика, независно од условите на осветлување.

Автоматска интелигентна контрола на сенки (Автоматски SSC)

За разлика од конкурентните камери кои снимаат низа слики со различна брзина на блендата и ги комбинираат во една за да прикажат сцени со силно осветлени заднини, автоматската интелигентна контрола на сенки (Автоматски SSC) на Canon овозможува моментални прилагодувања во реално време за подобрување на видливоста во преден план. Главната придобивка е тоа што осветлените површини остануваат светли, а само темните површини се осветлуваат, така што силуетите кои тешко се препознаваат веднаш ќе се претворат во јасно препознатливи објекти.

„Кога има силна светлина во заднина или недоволно осветлување, автоматскиот SSC (алгоритамот создаден од Canon) ќе се погрижи да го добиете најдобриот квалитет на сликата“

Компензација на замаглување

Haze Comp Image

Функцијата за компензација на замаглувањето го прилагодува контрастот на сликата за полесно гледање во опкружувања со магла, зачаденост или смог. Таа овозможува и појасно гледање на далечните сцени снимени со голем зум. Нивото на компензација може да се постави на Strong (Силно), Medium (Средно) или Mild (Слабо) или, пак, да се прилагодува рачно за да се добијат оптимални резултати.

Обработка на слики во боја

Процесорот за обработка на слика DIGIC DVIII, кој се користи и кај професионалните камери Cinema EOS од Canon, нуди исклучителен квалитет за снимање видео, мал шум, рамномерни градации и живописни и прецизни бои - независно од светлосниот извор.

„Тоа значи дека сите наши бои се реалистични независно од изворот на светлина“

Обработка на слики со инфрацрвено осветлување

Во ситуациите со слаба амбиентална светлина или без амбиентална светлина, употребата на невидлива инфрацрвена светлина се користи за осветлување на сцената и им овозможува на камерите да ги снимаат сликите во црно-бело.

Технологијата на Super UD (извонредно ниска дисперзија) објективите од Canon и инфрацрвените антирефлективни слоеви ја подобруваат чувствителноста, ги контролираат рефлектирањата и отсјајот за да ги минимизираат загубите при фокусирањето најчесто поврзани со користењето инфрацрвена светлина. Снимањето јасни и остри слики е природно и за нив е потребна помала моќ за обработка, поради што се намалуваат трошоците за пропусниот опсег и складирањето.

Камерите со вградени LED диоди за инфрацрвена светлина користат две групи на LED диоди за подеднакво осветлување на сцените. Без разлика колку далеку или блиску се наоѓа објектот или колку блиску се наоѓа до периферната линија, сликите се снимаат со соодветна експозиција и содржат високо ниво на детали поради што се добиваат моќни докази.

Обработка на слики на далечина

Со примената на стаклените елементи со висока вредност на UD (извонредно ниската дисперзија) и висок индекс на прекршување се спречува појавата на хроматска аберација која се појавува кај објективите со голем зум, поради што се минимизираат изобличувањата и се добиваат слики со природен изглед и висока резолуција од едниот до другиот крај на сликите низ целиот опсег на зумирање.

PTZ камерите од серија VB-R со 30x зум им овозможуваат на операторите да ги следат и снимаат објектите на која било оддалеченост во рамките на опсегот на зумот, почнувајќи од бесконечност па до минималното растојание до објектот од 2m (6,6ft).