DreamLabo 5000

Првиот инк-џет фото печатач за производствено печатење од Canon нуди нова алтернатива на конвенционалната технологија со сребрени халогени, обезбедувајќи широка палета на врвни уреди за фотографии.

DreamLabo 5000 detail image

Придобивки

  • Технологијата за глави за печатење FINE овозможува прецизно нанесување на мастила со голема брзина
  • Поголема палета на бои и порамномерни градации со седум мастила базирани на боја
  • Брзо печатење во едно поминување, благодарение на седумте фиксни глави за печатење
  • Автоматско двострано печатење кое е совршено за печатење квалитетни фото албуми
  • Лесно одржување, со два магацини за хартија и можност за замена на мастилата за време на печатењето

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon DreamLabo 5000

Ново дефинирање на пазарот за уреди за производствено печатење на фотографии


DreamLabo 5000 е подготвен да го револуционизира пазарот за производствено печатење на фотографии со помош на познатата технологија за инк-џет печатење на фотографии од Canon во производствени размери. Со највисоки нивоа на прецизно печатење со неверојатни брзини и без штетни хемикалии, тој нуди врвна алтернатива на конвенционалната технологија со сребрени халогени.

Квалитет и брзина


Уникатната технологија на глава за печатење FINE од Canon применува голем број микроскопски млазници за мастило кои прецизно го нанесуваат мастилото врз медиумите за печатење со голема брзина. Во комбинација со забрзано печатење во едно поминување со помош на седум фиксни и линиско поставени глави за печатење, тој одново ги дефинира границите за брзо печатење на фотографии со врвни детали.

Печатење во боја и црно-бело


Системот со 7 мастила, покрај стандардните CMYK мастила, користи и фото цијан, фото магента и сиви мастила за создавање на уште поширока палета на бои со попрецизна контрола на боите. Мастилата базирани на боја овозможуваат добивање на фотографии со рамномерни градации, веродостојни бои и природни тонови на кожата. Благодарение на дополнителното сиво мастило, црно-белите испечатени материјали изгледаат поприродно.

Ракување со хартија


Двата магацини за хартија овозможуваат автоматско снабдување со втората ролна кога првата ќе се потроши, така што задачите за печатење не се прекинуваат и продуктивноста не се намалува. Изборниот магацин за хартија овозможува складирање на уште 2 ролни хартија. Автоматскиот уред за двојно сечење овозможува совршена завршна обработка на фотографиите, а системот за двојно подредување овозможува подредување на испечатените материјали според број на задача или големина на хартија.

Продуктивност и подобрување на сликите


Главите за печатење во фиксна линија овозможуваат генерирање на испечатени материјали во едно поминување, така што можете да испечатите 40 фотографии од 10x15cm во минута. DreamLabo 5000 нуди автоматско двострано печатење со брзини до 1000 двострано испечатени A4 страници на час. Изборниот систем за дигитално подобрување на фотографиите автоматски ги елиминира неправилностите, како црвени очи и разлеани бои.

Едноставно одржување


Двојните резервоари за мастило овозможуваат менување на потрошеното мастило во боја без прекинување на печатењето. Операторите можат да вршат едноставни периодични одржувања, со цел уредот постојано да работи беспрекорно, а во целиот процес не се вклучени штетни хемикалии или непријатни мириси.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon DreamLabo 5000, неговите функции и можности.

Superb photolab-quality print head

Глава на печатач со врвен фото-лабораториски квалитет

7-inks

Седум мастила базирани на боја

High resolution photo printing

Печатење на фотографии со висока резолуција

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење