За на работа

Студии за анализа

Овде им препуштаме на потрошувачите да зборуваат. Од создавање на нови извори на приходи за деловно работење со графичка уметност до намалување на трошоците поврзани со печатење за организации од локалните власти, нашите потрошувачи ги објаснуваат придобивките кои ги добиваат од работењето со Canon.

Погледнете ги и прочитајте ги приказните на нашите потрошувачи подолу и дознајте како нашите решенија од Canon помагаат во решавање на вистински деловни предизвици.

Сите студии за анализа

ABC Imaging

ABC- Hero1

Благодарение на работниот процес на Océ PRISMA и технологијата imagePRESS на Canon, ние успеавме да ги поедноставиме нашите операции и да профитираме како резултат на зголемувањето на продуктивноста за 50% и намалувањето на трошоците за 30%.

Ray Hawkins, извршен директор

Al-Amiriya Printing Press

We have been a Canon client since 2007 and the best thing about Canon is their after sales and maintenance support; we have 1 copier which printed 22 million copies - this can never happen unless these 2 factors are present: the team and the staff are well trained, and the service and maintenance support are outstanding.

Emad Fawzi Farag, President Of The General Affairs

Alfa Laval

DWF-logo.jpg

Сега одделот за печатење е профитабилен и поисплатлив за извршување на задачите за печатење отколку надворешните алтернативи.

Jørgen Beck-Jørgensen, менаџер за производствено печатење

Antonius Hypercare

AH-Hero1

Инсталирањето на безбедносните мрежни камери од Canon беше одлична одлука, поради нивниот висок квалитет и нивното влијание врз нашите секојдневни обврски. Резултатите веднаш беа очигледни.

René Groot, генерален директор

Armstrong Watson

Пред да понуди какви било препораки, Canon работеше напорно за да се зближи со нашата организација и да разбере што треба да се подобри и кој е најдобриот начин за да се изврши тоа. Сфаќањето на деловното работење на нашите клиенти е филозофија кон која строго се придржуваме и бевме сигурни дека Canon ќе биде вистинскиот партнер за нас.

David Clarkson, комерцијален директор

Barry Callebaut

DWF-logo.jpg

Canon ни помогна да воспоставиме глобален пристап кон печатењето. Со еден удар, Canon ни помогна да ја трансформираме организацијата низ светот.

BD&H

Откако ги разгледавме опциите кои ги нудат другите производители, ни стана очигледно дека машините Océ ќе ни ги обезбедат најдобрата брзина за печатење и квалитет на слика по достапна цена. Со техничката поддршка од Canon, во комбинација со најсовремената технологија Océ, ние сега сме конкурентна креативна сила.

James Fox, директор

Beiersdorf

DWF-logo.jpg

Не само што заштедува време, туку и го промени начинот на кој работиме.

Papanikolaou Zina, маркетинг

BM Druck

DWF-logo.jpg

Зборувавме со многу испорачувачи, но беше тешко да го занемариме Canon – тоа е испорачувач со кого имаме мошне позитивна соработка многу години.

Rene Cassis, извршен директор

Borealis AG

borealis

Нашата цел беше да направиме беспрекорна транзиција кон стандардизирана средина за печатење која воедно е и целосно поврзана. Мотивацијата зад овој процес беше да им обезбедиме поцентрализирана поддршка на нашите корисници, но и да ги намалиме трошоците во поглед на одржување и поддршка.

Jacky Cillen, Information Technology & Systems (IT&S) Team Leader

British Library

British-image1

Импресионирани сме од висококвалитетните мрежни камери на Canon и сакаме да го зголемиме бројот на веќе поставените модели до 400 камери.

Bhanu Goud, менаџер на безбедносни системи

Cavelti

DWF-logo.jpg

Canon ги анализираше сите аспекти на нашето деловно работење за да утврди како би можеле да го прошириме нашиот повеќеканален пристап.

Marcel Bieri, шеф за подготовка на медиуми и дигитални медиуми

Clive Booth

Има нешто посебно во држењето испечатена слика во рацете. Ако купите некое уметничко дело, тоа најчесто е на платно. Истото важи и за фотографиите. Кога ги купувате, сакате да ги купите на хартија, не ги купувате на монитор бидејќи кога ќе ги испечатите на хартија, тогаш можете да ги земете во раце и тоа е нешто посебно. Тоа е главната причина зошто имам печатач.

Clive Booth

Colchester Institute

Навистина ни се допаднаа управуваните услуги за печатење кои ни ги препорача Canon, како и професионалноста на тимот од Canon и начинот на кој блиску соработуваа со нашиот тим.

Gary Horne, заменик директор, финансии и раководство

Documenteam

ABC- Hero1

Малите серии не можат да се печатат економично во офсет. Од друга страна пак, некои серии се премногу скапи за да се отпечатат преку системи што работат со тонер.

Thorsten Bischof

Druck and Medien

DM-hero1.jpg

Нашата главна цел на MSP е најдобро можно исполнување на потребите на нашите потрошувачи. Подготвени сме на сè за да ги задоволиме потребите на нашите потрошувачи. Веруваме дека со преминување на дигитално инкџет печатење ќе можеме да ја реализираме иновацијата што се очекува на нашите пазари денес, но и во иднина. Canon уште од почетокот ни беше одличен партнер во донесувањето одлуки за нашата идна стратегија и во имплементирање на соодветното решение. Со партнер како Canon, ние се чувствуваме подготвени за иднината!

Markus Stricker

DWF

DWF-logo.jpg

Canon ги разбра уникатните потреби и визијата на нашата организација во целина и со своите совети ни помогна да ги препознаеме областите во кои технологијата може да ни помогне да работиме поефикасно.

Janice Moores, управител за испорака на услуги и за набавка

East Lothian Council

Имавме груба претстава во која насока сакаме да се движиме, но не знаевме како точно да пристигнеме до нашата цел. Искуството на Canon за имплементирање на повеќе различни решенија за другите клиенти навистина ни помогна да го изнајдеме вистинското решение.

Julie Caughey, финансиски менаџер

EH Booth & Co Ltd

Како резултат на нашата политика за работа со локалните испорачувачи, обемот и форматот на фактурите кои ги испраќаат во нашите продавници се различни - почнувајќи од рачно напишани до фактури со повеќе страници или, пак, хартиени или електронски фактури. Новиот систем за обработка на фактури му овозможува поголема функционалност на Booths во однос на обработката на фактурите и поголемо познавање на фактурите кои често се разменуваат при деловното работење.

Steve Sumner, финансиски контролор

Elwe

Sarab-LOGO.jpg

Со Arizona 660XT нема потреба од компромиси во квалитетот и во времето на испорака. Нудиме материјали за малопродажба во помали обеми по конкурентни цени.

Kirsten van Brummen, Elwe Special Promotions

Enfield Council

DWF-logo.jpg

Работејќи со Canon, направивме крупни чекори во градењето на основите за да ја заштитиме позицијата на одделот и да обезбедиме понатамошен развој.

Eureco-Pharma BV

Сè до минатата година, јас ги прифаќав недостатоците од давањето задачи за печатење летоци на надворешни субјекти од трета страна и не прашував за други можности. Меѓутоа, откако разговарав со претставник од Canon, почнав да ги откривам потенцијалните придобивки.

Jan de Kreij, управен директор и сопственик

Evercore

DWF-logo.jpg

Како здравствена компанија, се подразбира дека интегритетот на брендот треба да биде беспрекорен за да внесе доверба во и надвор од организацијата. Canon одигра клучна улога во заштитата на тој интегритет.

Vanessa O’Reilly, менаџер за маркетинг

Eyes on Media

Квалитетот на сликата и можноста за примена на машините Arizona значително ги подобрија нашите услуги за печатење фотографии и ни помогнаа да започнеме нов вид на деловно работење. Бевме презадоволни кога нè контактираа од World Press Photo, на кои им се восхитувавме со години. Знаевме дека со поддршката од Canon и Arizona, можеме да се справиме со побарувачката.

Martin Minoli, сопственик на компанијата

Falquon

Canon ни обезбеди одлична поддршка за да извлечеме максимум од работниот роцес ONYX за напредно управување со бои. Тоа е многу важен аспект од работниот процес за нас, а конзистентноста на печатењето со Océ Arizona е исклучителна.

Martin Prager, директор, Falquon

FC Dordrecht

FC-hero1

Сакавме постојано да снимаме слики со извонредно висок квалитет, особено во деловите на стадионот со минимално осветлување. Утврдивме дека единствениот начин за да го постигнеме тоа е да преминеме од аналогна на дигитална технологија.

Jacques de Zeeuw, обезбедување

Formara

Canon тесно соработуваше со Formara уште од почетокот, поддржувајќи нè во препознавање на вистинското решение кое ќе ги задоволи нашите потреби, потоа ни понуди сеопфатно објаснување за начинот на кој решението ќе се усогласи и ќе го подобри нашето деловно работење, а на крај ни обезбеди инсталација и обука кои овозможија лесна транзиција и зголемување на продуктивноста.

Freddie Kienzler, управен директор

Академија Francis Combe

DWF-logo.jpg

Canon беше единствениот испорачувач што навистина им се посвети на нашите потреби и ни нудеше јасни мерки што можевме да ги преземеме за да ја реализираме нашата долгорочна визија.

Chris Turton – e-менаџер

FT Solutions

FT-hero1

Инвестирањето во овие најсовремени системи за дигитално печатење е од огромно значење за нашиот успех во иднина, а веќе резултираше со импресивни придобивки кај FT Solutions и кај нашите потрошувачи, како на пример со зголемен квалитет и поголема флексибилност.

Tom Gurd, управен директор

Gary Knight

Го имам печатачов шест години и воопшто не размислувам да купам друг. Извршува сè што ќе му наредам и тоа го прави многу добро и конзистентно. Презадоволен сум со него – всушност, тој ми е најомилениот дел од опремата.

Gary Knight

GEV

Сакав нешто издржливо, едноставно за ракување и прилагодливо кон нашите потреби. Достапни се голем број одлично дизајнирани решенија, но за мала компанија со седум вработени како мојата, некои решенија за управување со документи не беа исплатливи.

Friedrich Staller, управен директор

Hertsmere Borough Council

DWF-logo.jpg

Canon покажа посветеност кон нашата долгорочна стратегија, објаснувајќи во детали како дигиталното печатење може да ни помогне ефикасно да оперираме со брзината, флексибилноста и високиот стандард кој се очекува од Советот.

Mark Roberts

hs Druck

Canon го одржа курсот Essential Business Builder за персонализирање на печатењето во своите деловни простории. Нивниот професионален совет навистина му помогна на целиот тим да го разбере потенцијалот и да добие самодоверба, во оперативен аспект и во поглед на начинот на кој можеме да ги рекламираме нашите способности на клиентите.

Helmut Hörmanseder, партнер-основач

Imagination

Станавме подобри во многу аспекти. Трошоците поврзани со печатење значително се намалија, што има значително влијание врз нашата крајна пресметка. Користиме многу помалку уреди кои се пофлексибилни и поиздржливи и имаме соодветни машини на вистински места. Сега можеме прецизно да го наплатиме печатењето, но и постојано да обезбедуваме висококвалитетни бои за нашите клиенти

Sue Chick, менаџер на проектот

I-Pack

ipack-logo

Се стремиме да го зголемиме обемот за 25% до крајот на 2015 година и дополнителни 15% до 2016 година. Благодарение на поддршката и технологијата од Canon, ние сме на добар пат да ги оствариме нашите деловни цели.

Atle Andreassen, основач

Jetsign

Sarab-LOGO.jpg

Благодарение на соработката со Canon, успеавме да направиме оддел со релативно брз развој.

Adrie Hoogeveen, директор на компанијата

Kahle

DWF-logo.jpg

Секако дека технологијата е важна, но не и единствената причина поради која го избрав Canon. Сервисниот пакет кој доаѓа со нивните уреди, кој вклучува понатамошна грижа, обука и поддршка, беше она што беше пресудно за нас. Врз основа на претходните искуства, знаев дека тие ќе ни помогнат за да добиеме решение за печатење кое ќе го промени нашето деловно работење.

Dan Batek, технологија и финансии, KAHLE

Универзитет KEPLER

kepler-logo

Соработувавме со Canon за да најдеме одговор што најмногу би им олеснил на нашите студенти, со колку што е можно помалку нарушувања.

Alexander Freischlager, главен менаџер за операции

Kuttab Publishing

Over time, the Workflow Portal provided us with the business intelligence to take decisions on areas where we should focus investments and resources, and areas that we should outsource. I believe that for a company of our size and nature, speed and agility is a deciding factor of success, and without Canon’s enabling solutions, we would not have been able to build such an encouraging and culturally-relevant offering for the UAE

Jamal Alshehhi, Founder

KnowledgePoint

KP-Hero1

Пристапот на Canon што ни помогна да се справиме со нашите деловни предизвици одговара на нашата сопствена методологија, а тоа секогаш воодушевува. Ваквиот однос е клучен за нашите идни инвестиции. Досега со задоволство соработувавме со Canon и секако дека ќе продолжиме да соработуваме со нив и во иднина.

Andre Philpot, директор на операции

Kyas Photography

imagePROGRAF помага во развојот на студиото. Стануваме подобри, добиваме поголеми задачи и, најважно, проекти какви што посакуваме. Благодарение на дополнителното време кое ни го обезбедува машината, сега можеме да се фокусираме на прилагодено портфолио за сите проекти на клиентите со оптимална посветеност и да обрнеме внимание при создавањето, коригирањето и подобрувањето на нашите фотографии за да бидат најдобри што може да бидат.

Jörg Kyas, Kyas Photography

London Borough of Newham

Далечинската дијагностика и одржување се честа појава во ИТ одделот и ние бевме сигурни дека сличен пристап може да обезбеди значителни придобивки при нашите задачи за печатење. Освен тоа, знаевме и дека тоа може да ни помогне подобро да ги разбереме трендовите во печатењето, за да можеме да ја обликуваме нашата идна стратегија за печатење.

Gary Sussex, менаџер за ICT услуги

Leeds City Council

DWF-logo.jpg

Приоритетот за нас беше да имплементираме паметно решение кое ќе му заштеди пари на Советот и ќе ни заштеди време на сите нас.

Kirsty McCarthy, менаџер на MPS

LO Media

DWF-logo.jpg

Применувајќи го искуството што го добивме од Canon и од независната обука, можеме да понудиме висококвалитетни дигитални услуги и имаме визија и трпение за постратешко размислување.

Lars Langbo, менаџер за производство

Mailing Andalucia

DWF-logo.jpg

Инвестицијата во imagePRESS 1135 црно-бела печатарска машина и единица за редење со висок квалитет од Canon имаше влијание врз производството што се забележа веднаш

Daniel Sánchez, директор

Marne Drukkers

Рачното подредување на постери од голем формат одзема многу време и пари, па затоа одлучивме да побараме подобро решение.

Guus Sligter, директор на компанијата

Martin Parr

Parr-Hero1

Без разлика дали сме во нашето студио во Лондон или на разни изложби низ целиот свет, поддршката на Canon ни овозможува да ја оживееме фотографијата на Martin на интересни начини и да се погрижиме неговото дело да го издржи тестот на времето.

Louis Little, менаџер на производствено печатење

Maya Vik

Голем дел од нашиот успех се должи на неверојатното ниво на професионалност и поддршка кои ги нуди Canon. Квалитетот на сите уреди кои ги достави Canon беше многу голем, а имањето партнер кој може да ги реши сите наши потреби за медиуми за овој проект со различни медиуми е неверојатно.

Pål Laukli, професионален фотограф

Nama d.d. Ljubljana

nama-hero1

Презадоволни сме од нашиот нов систем за надгледување. Од неговото поставување, значително се намалија кражбите во продавницата, а ние си зацртавме за цел да го намалиме нивниот број уште повеќе. Системот е едноставен за користење и ни овозможи да го подобриме начинот на кој комуницираме со нашите корисници и вршиме продажби.

Branka Jerala, маркетинг директор

Универзитетот во Нотингем

Нашиот универзитет ја истражува најновата технологија како 3D печатењето. Решението од Canon беше фантастично - можеме да произведуваме фини, деликатни модели кои им се потребни на студентите по архитектура.

John Morgan, асистент професор по архитектура

Online Reprographics

online-repro-hero1

Canon веруваше во нас уште од почетокот, а ние се трудиме да го повториме тоа на начинот на кој работиме со нашите потрошувачи.

John Foy, основач

Orange Business Services

DWF-logo.jpg

Canon не само што ја поседуваше докажаната експертиза во мобилното печатење која ја баравме, туку и како глобална компанија, ние бевме свесни дека Canon го има потребниот капацитет да нѐ поддржи надвор од Велика Британија.

Nick Jones, раководител за недвижен имот и FM за северна и западна Европа

PCS

DWF-logo.jpg

Постојано комуницираме со Canon за помош при промовирањето на нашите услуги.

Asad Butt, менаџер за печатење

Polomnis

Промената од стариот печатач кон Arizona беше поттикната од проблемите со нанесувањето на мастилото со нашиот стар печатач.

Job ten Doeschate, директор на компанијата

Printondemand-worldwide

Ефикасноста е многу важна, се разбира, но и сигурноста е од огромно значење. Може да имате одлична опрема, но ако во 10% од времето не е активна, тогаш имате проблем. Тоа не е проблем што сме го имале со Canon. Дури и ако машината престане да функционира, тоа не трае долго бидејќи сервисерите доаѓаат и го решаваат проблемот за помалку од два часа.

Andy Cork, управен директор на Printondemand-worldwide

ProjectColor

Операторите повеќе не треба да работат на повеќе независни работни станици RIP и печатачи за да управуваат со печатењето. Освен тоа, бидејќи Onyx Thrive е основан врз Adobe PDF Print Engine, ние и нашите клиенти имаме потполна доверба во растерските процеси за ефектите во сложените графички дизајни, вклучувајќи транспарентни слоеви, простор со мешани бои и управување со бои во точки.

Norman Scheffer, директор

Pulp Grafisk

DWF-logo.jpg

Со поддршката од Canon, Pulp Grafisk го дуплираше својот капацитет за печатење на големи формати и ја елиминираше зависноста од трети страни за задачите за печатење.

Terje Gulbrandsen

RDaSH

DWF-logo.jpg

Од Canon беа многу искрени во својот пристап и ни кажаа што точно може да се постигне со DSF и какви придобивки можеме да очекуваме.

Lisa Grandcourt, раководител на објекти

Replay Studio

Replay-logo

Canon отсекогаш бил одлична отскочна штица за нас, нудејќи ни идеи и експертски совети кога тоа е потребно. Тие внимателно нè сослушаа и точно знаеја што би можело да ѝ донесе предност на нашата компанија.

Andy Halasz, администратор

Ritz

DWF-logo.jpg

Советите од компанијата Canon, преку деловната и иновативната програма и како дел од нејзините предлози за продажба, нè насочија кон постратешки пристап за одново дефинирање на нашето деловно работење.

Kurt Habersatter, извршен директор

Rohner Spiller

DWF-logo.jpg

Како резултат на партнерството со Canon, различните медиуми се сега значаен дел од нашата понуда на услуги и нашите кампањи за потрошувачите се подобро мерливи.

Remo Martin, CEO

Sanders Group

Производите Océ Arizona ја променија мојата компанија. За време на финансиската криза, многу други компании пропаднаа, но овие машини ми овозможија да заработам пари за пократок временски период. Во суштина, профитот ми се намали, но маргината ми се зголеми поради тоа што го претворив материјалот што го тргував во нешто со поголема вредност. Успеав да ги исполнам барањата на пазарот за краток временски период, со беспрекорни апликации и со креативни решенија.

Marco de Wert, управен директор

Sarab Entreprenad AB

Sarab-Entreprenad

Го променивме начинот на кој работиме. Фактурите што ги примаме се подредуваат на начин кој досега никогаш не сме го замислиле. А јас имам повеќе време да бидам на терен кај проектите со моите вработени и потрошувачите.

Johan Selenius Rosengren, Company Director

Screentec

Ако можам да се опишам како корисник на Canon со еден збор, тогаш тоа би било ‘задоволен’. Почнувајќи од сигурноста и флексибилноста на машините, па сè до услугите и поддршката кои ги нудат персоналот и инженерите, навистина не би можел да посочам никаков недостаток.

Darren James, управен директор

Spazio81

Благодарение на големиот број услуги кои ги нудиме, ние создадовме голема и разновидна база на потрошувачи кои се многу лојални и возбудени да соработуваат со нас. Тоа ја подобрува нашата глобална репутација, а поради тоа добиваме нарачки дури и од САД и Кина.

Alessandro Locatelli, извршен директор

Staples

Ни беше потребен консултантски пристап за да го дознаеме мислењето на нашите потрошувачи-возачи. Ни беше потребно решение и стратегија, но тоа беше невозможно сè додека не се појавија услугите за претпријатија од Canon.

Richard Houppermans, менаџер за деловни услуги

Stralfors UK

Stralfors-Hero1

Повеќето наши потрошувачи сега го користат производството преку една патека. Можностите на ColorStream дозволуваат извршување на повеќе работи, како на пример овозможување на дигитални слики како поддршка на динамичните пораки. Сè се сведува на подобрување и на овозможување на посоодветни информации за потрошувачите.

Tony Plummer, управен директор за ВБ

The Print Foundry

Canon е одличен партнер за соработка. Честопати им предложуваме идеи, разговараме за нови идеи за производи и како најдобро да ги искористиме производите imagePROGRAF, а тие веднаш ни излегуваат во пресрет доколку имаме потреба.

Renato Tavares, основач

The Student Hotel

student-hero1

Canon нè поддржа на многу начини - не само со своите висококвалитетни камери, туку и со одлична поддршка пред продажбата. Успеавме да создадеме едноставно решение за нашиот тим кое совршено ги задоволува нашите потреби.

Jan-Pieter Muis, управувач со средства

TJ International

TJI-hero1

Влијанието на технологијата и на работниот процес врз продуктивноста е значително; сега можеме да произведуваме книги со мек повез за само 24 часа, а книги со тврд повез за 48 часа. Без вештините, стручноста и советите на Canon, ова ќе беше невозможно.

Angus Clark, извршен директор

UKE

Денес, поддршката за печатачи и повеќефункционални системи е многу подобра бидејќи ја вршат експерти од Canon. Како резултат на тоа, ние како ИТ оддел можеме да се фокусираме на нашите најважни задачи. Згора на тоа, печатиме со најмали трошоци досега.

Florian Benthin, шеф за десктоп услуги

Универзитет од Глазгов

DWF-logo.jpg

Заштедата во текот на 5-годишниот период треба да изнесува повеќе од £5,5 милиони, што е феноменално.

Van Dillewijn Group

Сега имаме добра контрола на нашиот систем за исплаќање, а фактурите ги обработуваме 40% побрзо од порано. Со зачуваните пари од намалените казни, решението од Canon резултираше со вкупна заштеда на трошоци од 30%.

Bert Rijkmans, извршен директор за информатика и комуникации

Volkswagen

Двата imagePRESS уреда од Canon се покажаа како идеално надополнување на постоечката опрема за офсет и дигитално печатење. Тие нудат баланс помеѓу продуктивност и квалитет кој е совршен за голем обем на работа и сè поголемата потреба за брзо извршување на краткотрајните задачи на нашите потрошувачи.

Helmuth Oschmann, менаџер на оддел за печатење

Von Hagen

Océ Arizona нуди сè: големина, продуктивност и разновидни опции за справување со широка палета на флексибилни и груби материјали. Ваквата комбинација ни овозможува да им понудиме на клиентите многу подостапно и временски поефикасно изработување на нивните изложбени простори. Сега кога можеме да печатиме на какви било подлоги, можеме да ја реализираме речиси секоја идеја.

Von Hagen

Индустрии

Пребарајте ги индустриските сектори и изберете вид на индустрија од паѓачката листа за да дознаете повеќе за решенијата од Canon во таа област