Со дигиталното печатење добрата книга нема крај

Повеќе од 40 години, TJ International е во средиштето на печатењето книги, продуцирајќи милиони наслови со тврд и мек повез секоја година, како за издавачите, така и за дистрибутерите. Од своите почетоци во офсет печатењето книги во голем обем, компанијата отсекогаш работела со максимата дека доколку издавачот верува во приказната, таа заслужува да стигне до читателите од целиот свет – и тука започнала приказната на TJ International.

TJI-image1

„Влијанието на технологијата и на работниот процес врз продуктивноста е значително; сега можеме да произведуваме книги со мек повез за само 24 часа, а книги со тврд повез за 48 часа. Без вештините, стручноста и советите на Canon, ова ќе беше невозможно.“

Angus Clark, извршен директор, TJ International