Von Hagen поставува нови граници со инвестицијата во печатачи со рамно лежиште од Canon

Компанијата Von Hagen GmbH во Блумберг, Германија, која е специјалист за изработка на изложбени простори и деловни ентериери, започнува нов вид на деловно работење со инсталацијата на извонредно голем UV печатач со рамно лежиште Océ Arizona XT од Canon. Новиот печатач ќе и овозможи на компанијата Von Hagen да печати на голем број груби подлоги како дел од сложените изложени простори или брендирање на архитектонски изведби. Компанијата досега се занимаваше со печатење приближно осум години, иако тоа се однесуваше само на флексибилни материјали како хартии и текстил. Можноста за печатење на груби материјали им ја револуционизираше работната пракса и им отвори нови можности за деловен развој.

VH-image1

„Océ Arizona нуди сè: големина, продуктивност и разновидни опции за справување со широка палета на флексибилни и груби материјали. Ваквата комбинација ни овозможува да им понудиме на клиентите многу подостапно и временски поефикасно изработување на нивните изложбени простори. Сега кога можеме да печатиме на какви било подлоги, можеме да ја реализираме речиси секоја идеја.“

Von Hagen