Colchester Institute повторно ги инвестира парите заштедени преку управуваните услуги за печатење на Canon во настава и обука

Colchester Institute, како еден од најголемите факултети за вишо образование во East Anglia во UK, нуди курсеви за дополнително и вишо образование за повеќе од 12.000 студенти од десет локации. Сакајќи да ги намали своите работни трошоци, факултетот ја издвои својата неуправувана инфраструктура за печатење, создадена од повеќе оператори на услуги без какви било политики на печатење или управување, како јасна цел за детално испитување и потенцијална заштеда. По ревидирање на можностите за печатење на факултетот, Canon заедно со Colchester Institute изработи решение за управувани услуги за печатење (MPS) кое не само што ја намали потрошувачката на хартија и административните крајни рокови, туку значително го подобри и корисничкото доживување за студентите и другите корисници. Најважно од сè, факултетот оствари заштеда од £100.000 во првите осумнаесет месеци по имплементирање на решението, која целосно се инвестира во предавање и учење во други области во факултетот.

colchester-image1

„Навистина ни се допаднаа управуваните услуги за печатење кои ни ги препорача Canon, како и професионалноста на тимот од Canon и начинот на кој блиску соработуваа со нашиот тим.“

Gary Horne, заменик директор, финансии и раководство