Соработката помеѓу Eyes On Media и Canon отвора нови можности за World Press Photo

Компанијата со седиште во Амстердам нуди обемна палета на услуги за професионални фотографи, на кои им помага во снимањето, уредувањето и печатењето слики со висок квалитет наменети за врвни области во пазарот – особено за изложби, музеи, архитектура, фина уметност и секторот за продажба. Соработувајќи блиску со World Press Photo и Canon за да го воспостави најдоброто можно решение, Eyes On Media го набави печатачот со рамно лежиште Océ Arizona 480 GT и дигиталната маса за сечење Océ Procut од Canon за директно печатење на табли стиропор од 1mm и алуминиумски листови за создавање професионални завршни обработки со голема прецизност.

Крајниот резултат не само што обезбеди долготрајно решение за World Press Photo кое значително ги намали можните оштетувања при транспорт, туку и внесе реалистичност во фотографиите на поинаков начин, создавајќи привлечни визуелни ефекти кои според организацијата имаа важна улога во успехот на изложбата.

EOM-image1

„Квалитетот на сликата и можноста за примена на машините Arizona значително ги подобрија нашите услуги за печатење фотографии и ни помогнаа да започнеме нов вид на деловно работење. Бевме презадоволни кога нè контактираа од World Press Photo, на кои им се восхитувавме со години. Знаевме дека со поддршката од Canon и Arizona, можеме да се справиме со побарувачката.“

Martin Minoli, сопственик на компанијата