The Print Foundry постигнува успеси на пазарот на фина уметност и фотографија со Canon

Основана во 2008 година, The Print Foundry започна со работа како компанија за услуги за печатење дигитални фотографии под името Creative Wall Art, создавајќи фотографии за широка потрошувачка како печатење на платна и врамување испечатени фотографии. Со промената на името во The Print Foundry, компанијата ја надгради својата опрема за дигитално печатење со цел да го обезбеди потребниот висок квалитет.

Таа го избра очигледниот победник, imagePROGRAF од Canon со својата технологија на печатење со 12 мастила, поради неговиот квалитет на слика за различни медиуми и извонредните можности за калибрација на боите. Овие карактеристики го поттикнаа брзиот развој на компанијата The Print Foundry во нејзините целни пазари за само една година, со импресивно портфолио на клиенти во кои спаѓаат продавници за големопродажба, бројни изведувачи и реномирани фотографи.

TPF-image1

„Canon е одличен партнер за соработка. Честопати им предложуваме идеи, разговараме за нови идеи за производи и како најдобро да ги искористиме производите imagePROGRAF, а тие веднаш ни излегуваат во пресрет доколку имаме потреба.“

Renato Tavares, основач