Borealis-hero1

Глобално решение за глобален бизнис

Со канцеларии во 17 земји, Borealis се потпира на своите глобални IT испорачувачи и нивното кратко време на одзив кога станува збор за поддршка. Најважен дел за успешно работење е да се има еден глобален испорачувач на испечатени материјали со едно лице за контакт кое управува со услугите во сите земји.

По внимателно проценување на пазарот, Borealis се обрати во Canon. Во период од само осум месеци заменивме 1.165 уреди во 17 земји со 1.000 нови уреди. Промената не само што беше беспрекорна за сите корисници кои учествуваа во процесот, туку добиеното решение ја зголеми безбедноста на документите и ѝ заштеди пари на компанијата Borealis во однос на одржувањето и поддршката, благодарение на високото ниво на стандардизација.

Borealis-image1

“Можам да издвојам три нешта за овој проект кои сметам дека се најистакнати”, вели Jacky Cillen. “Прво, Canon навистина се покажа како светски играч. Второ, одвивањето на целиот проект – во поглед на време, буџет и ниво на достигната стандардизација – беше беспрекорно. И на крај, најважно за мене, континуираната поддршка од Canon по завршување на проектот е подеднакво добра како и при имплементацијата. Ние ја добиваме најдобрата можна поддршка во светот, а тоа е токму тоа што го баравме кај технолошкиот партнер.

„Нашата цел беше да направиме беспрекорна транзиција кон стандардизирана средина за печатење која воедно е и целосно поврзана. Мотивацијата зад овој процес беше да им обезбедиме поцентрализирана поддршка на нашите корисници, но и да ги намалиме трошоците во поглед на одржување и поддршка.“

Jacky Cillen, лидер на тимот за информатички технологии и системи (IT&S)