Falquon ја револуционизира индустријата за подови со беспрекорен пристап

По дваесет години од основањето, компанијата Falquon за ламинатни подови доби нов менаџерски тим со иновативен деловен модел основан врз UV печатачот со рамно лежиште Océ Arizona од Canon. Откако го преземаа раководството врз компанијата за подови Falquon пред три години, директорите Martin Prager и Alexander Grafenauer го увидоа потенцијалот за револуционизирање на индустријата за комерцијални и домашни подови со создавање подобри производи и производи по нарачка.

Falquon-image1

„Canon ни обезбеди одлична поддршка за да извлечеме максимум од работниот процес ONYX за напредно управување со бои. Тоа е многу важен аспект од работниот процес за нас, а конзистентноста на печатењето со Océ Arizona е исклучителна.“

Martin Prager, директор, Falquon