Од слика до печатење: Jörg Kyas има потполна контрола врз сликите со Canon

На Jörg Kyas кој е огромен поддржувач на печатењето – вистинскиот израз на сликите – му беше потребна технологија за висококвалитетно печатење на големи формати која ќе му помогне да го реализира својот работен потенцијал и да ја зголеми профитабилноста на своето деловно работење. Како долготраен љубител на опремата за снимање од Canon, Kyas ги препозна очигледните придобивки од користењето опрема за обработка на слика од истиот застапник во целиот негов работен процес на печатење и избра 24” imagePROGRAF од Canon за неговите потреби за деловно печатење. Овој пристап чија главна цел е печатењето му помогна на Kyas да го внесе своето студио во пазарот за реклами, портрети, убавина и мода, не прекинувајќи го своето присуство во музичката индустрија.

kyas-image1
kyas-image2

„imagePROGRAF помага во развојот на студиото. Стануваме подобри, добиваме поголеми задачи и, најважно, проекти какви што посакуваме. Благодарение на дополнителното време кое ни го обезбедува машината, сега можеме да се фокусираме на прилагодено портфолио за сите проекти на клиентите со оптимална посветеност и да обрнеме внимание при создавањето, коригирањето и подобрувањето на нашите фотографии за да бидат најдобри што може да бидат.“

Jörg Kyas, Kyas Photography