DM-hero1.jpg

MSP го оптимизира целиот ланец на испорака со дигиталното инкџет печатење и обезбедува конкурентност во иднина

MSP ги опслужува нивните директни маркетинг клиенти во дефиниран процес во три чекори. Сите документи за испраќање се однапред испечатени со помош на офсет опремата со механизам за снабдување со листови. Тие пак, се испечатени од ласерски печатачи за персонализација и индивидуализација. Токму затоа се вметнати во пликоа, подготвени за испраќање. Ова сочинува годишен обем на печатење од приближно 100 милиони доставени пораки, произведена во операција во три дела. Markus Stricker, управниот директор, објаснува: „Се соочивме со голем предизвик на пазарот за да останеме конкурентни. Го почувствувавме притисокот од помалиот обем на дигитални производи со можност за сечење на хартија, како и понудата на пазарот за дигитални инкџет печатачи во боја. Дополнително, иако нашиот стандарден процес на производство беше оптимизиран до крајната граница, сепак ни беше тешко да бидеме конкурентни. Знаевме дека треба да направиме промени за да го обезбедиме развојот во иднина“.

DM-image1.jpg

„Нашата главна цел во MSP е да ги исполниме во целост барањата на нашите потрошувачи. Подготвени сме да дадеме сѐ за да ги задоволиме нашите потрошувачи. Ние веруваме дека преминот кон дигиталното инкџет печатење ни овозможува да ги доставиме иновациите кои ги очекува пазарот, денес и во иднина. Canon беше со нас уште од самиот почеток и е одличен партнер во донесувањето одлучи за нашата стратегија за во иднина и во имплементирањето на вистинското решение. Со Canon како наш партнер, се чувствуваме добро опремени за иднината.“

Markus Stricker