Мобилните уреди со сертификат за Mopria™ автоматски ги откриваат печатачите со сертификат за Mopria преку нивната Wi-Fi мрежа и им овозможуваат на корисниците да печатат e-mail пораки и документи од мобилни уреди со едноставно допирање на копчето за печатење во менито и избирање на наменскиот печатач прикажан на екранот.
Дополнителната компонента за услугата за печатење Mopria може да се преземе од Google Play Store за му овозможи функција за печатење на кој било телефон или таблет уред со Android (Android верзија 4.4 или понов). По инсталирањето, поврзете го вашиот уред на истата мрежа со печатачот и печатете преку секој печатач со сертификат за Mopria без дополнителни апликации или подесувања.
Како еден од основачите на Mopria Alliance, Canon е посветен на создавање производи со сертификат за Mopria, правејќи го печатењето колку што е можно поедноставно за корисниците.
1. Паметен телефон или таблет уред со Android оперативен систем, верзија 4.4 или понова
Вашиот паметен телефон или таблет уред со Android можеби ќе може да се надгради со Android KitKat (4.4). Проверете ги поставките на телефонот за да го ажурирате вашиот уред.
2. Печатач со сертификат за Mopria
Компатибилни печатачи i-SENSYs:
3. Безжична мрежа
Мобилниот уред и печатачот треба да се поврзани на истата мрежа. Печатачот мора да биде поврзан безжично со мрежниот рутер или со кабел за етернет.
4. Апликации кои поддржуваат печатење преку Android KitKat
Голем број стандардни апликации за Android како Chrome, Gmail, Gallery, Drive и Quickoffice, веќе имаат опција за печатење во менито. По инсталирање на дополнителната компонента за Mopria, вашиот печатач ќе влезе во листата со опции за печатење. Ако копчето за печатење не се прикажува во апликацијата, тогаш апликацијата не поддржува Android KitKat (4.4) ниту, пак, услугата за печатење Mopria.
Забелешка: Услугата за печатење Mopria не е поддржана од јавни безжични мрежи како што се јавните пристапни точки за Wi-Fi, поврзување преку Bluetooth или поврзување преку 3G или 4G податочни врски.
Можно е да биде потребно ажурирање на фирмверот на печатачот за да можете да печатите преку мобилни уреди со сертификат за Mopria.