Како да печатите од мобилни уреди со Android


Чекор 1: вклучете ја услугата за печатење Mopria

Во менито со поставки, изберете печатачи и проверете дали услугата за печатење Mopria™ е активна.



Чекор 2: изберете го вашиот печатач

Во апликацијата, допрете го менито и изберете “Печати”.


ЗАБЕЛЕШКА: некои апликации може да на ја поддржуваат функцијата за печатење. Ако опцијата Печати не се прикажува како избор, нема да можете да печатите од таа апликација со помош на услугата за печатење Mopria.

Чекор 3: ќе се прикаже менито со поставки за печатење. Изберете “Сите печатачи”.

Уредот ќе ги пребара сите достапни печатачи. Откако ќе заврши, ќе се прикаже листа со печатачи во кој ќе можете да го изберете саканиот печатач.

  

Чекор 4: сега во менито со поставки за печатење ќе се прикаже избраниот печатач.

•    Ако нема потреба да ги менувате опциите за печатење, допрете на опцијата Печати за да ја испратите задачата за печатење.
•    Доколку треба да ги промените опциите за печатење, преминете на следниот дел.

Услугата за печатење Mopria овозможува печатење на веб-страници, документи, e-mail пораки, фотографии и содржини од апликации кои поддржуваат печатење преку Android. Поставките за печатење може да се разликуваат во зависност од апликацијата и избраниот печатач. Можно е да се прикажат следните опции за печатење:

Број на испечатени копии >
Промена на големината на хартијата >
Промена на ориентацијата >
Дефинирање на опсегот на страници >
Печатење во боја или црно-бело >

Во менито со поставки за печатење, допрете на опцијата Број на копии, а потоа преку тастатурата внесете го бројот на копии кои сакате да ги испечатите.

Во менито со поставки за печатење, допрете Големина на хартија, а потоа изберете ја опцијата големина на хартија од менито: писма, A4, 4x6 и 5x7 - се опциите кои може да бидат достапни во зависност од апликацијата или печатачот.


Во менито со поставки за печатење, допрете Ориентација, а потоа изберете ја саканата опција.  Опциите кои може да бидат достапни во зависност од апликацијата или печатачот се Автоматски, Портрет или Пејзаж.



Ако сакате да испечатите повеќе страници, во менито со поставки за печатење допрете Страници, а потоа изберете го опсегот на страници кои сакате да ги испечатите.  ЗАБЕЛЕШКА: опцијата Страници се прикажува само кај одредени апликации и видови на фајлови, како на пример PDF фајлови.


Во менито со поставки за печатење, допрете Боја, а потоа изберете ја саканата опција.  Опциите кои може да бидат достапни во зависност од апликацијата или печатачот се Автоматски, црно-бело или боја.