Како да го ажурирам фирмверот

Можно е да биде потребно ажурирање на фирмверот на повеќефункционалниот уред за да го користите Canon PRINT Business.
Доколку користите модел на уред кој треба да се ажурира, ќе се прикаже порака која ќе ве потсети на ажурирањето кога го користите Canon PRINT Business.
Постојат два метода за ажурирање на фирмверот.
Проверете ја следната табела и искористете го методот кој одговара на моделот на уредот кој го користите.

Име на уредот Ажурирање на фирмвер
Преку интернет Преку компјутер
Серија MF4800 - Достапно
Серија MF4700 - Достапно
Серија MF5900 - Достапно
Серија iR1133 - Достапно
Серија MF6100 Достапно Достапно
Серија MF8200C Достапно Достапно
Серија MF8500C Достапно Достапно

ЗАБЕЛЕШКА

За серијата imageRUNNER ADVANCE нема потреба да го ажурирате фирмверот.

1. Ажурирање преку интернет
Преземете го фирмверот од интернет на повеќефункционалниот уред кој го користите, без да користите компјутер (Windows/Mac), а потоа ажурирајте го фирмверот.
- Повеќефункционалниот уред потребно е да биде поврзан на интернет.

1-1. Од менито на панелот за ракување, изберете [Подесувања за управување со системот] → притиснете [ОК].

1-2. Изберете [Ажурирај фирмвер] → притиснете [ОК].

1-3. Изберете [Преку интернет] → притиснете [ОК].

1-4. Ажурирајте го фирмверот според инструкциите на екранот.
Ажурирањето на фирмверот заврши.
Активирајте го Canon PRINT Business и искористете го повеќефункционалниот уред чиј фирмвер е ажуриран.

2. Ажурирање преку компјутер (Windows/Mac)
Преземете го фирмверот во компјутерот (Windows/Mac) од веб-страницата на Canon, а потоа ажурирајте го фирмверот.
- Повеќефункционалниот уред и компјутерот треба да се поврзани преку LAN или USB.

2-1. Преземете го фирмверот
Преземете го фирмверот за повеќефункционалниот уред кој го користите од страницата за преземање дополнителен софтвер.
Серија MF
iR1133
iR1133A
iR1133iF
За да извршите преземање, треба да го внесете серискиот број на повеќефункционалниот уред.

ЗАБЕЛЕШКА

Серискиот број содржи осум цифри и се наоѓа на ознаката поставена на задната страна на повеќефункционалниот уред.

Ако не можете да го пронајдете серискиот број, погледнете во прирачниците кои се испорачуваат со повеќефункционалниот уред. Можете да ги пронајдете соодветните теми со пребарување на "сериски број."

2-2. Префрлување на повеќефункционалниот уред во режим за преземање
1) Од менито на панелот за ракување, изберете [Подесувања за управување со системот] → притиснете [ОК].

2) Изберете [Ажурирај фирмвер] → притиснете [ОК].

3) Изберете [Преку компјутер] → притиснете [ОК].

4) Во пораката "Ажурирај фирмвер?", притиснете [Да].

Функционирањето ќе премине во режим на преземање.
За LAN врски: За USB врски:

Ако сте поврзани преку LAN, внесете ја IP адресата која се прикажува на панелот. Треба да ја внесете кога ќе ја извршувате следната постапка преку компјутерот (Windows/Mac).

2-3. Активирање на алатката за корисничка поддршка и ажурирање на фирмверот
1) Декомпресирајте го преземениот фајл кој го содржи фирмверот во вашиот компјутер (Windows/Mac).
2) Кликнете два пати врз фајлот Алатка за корисничка поддршка во декомпресираниот фолдер

Алатката за корисничка поддршка ќе се активира.
3) Ажурирајте го фирмверот според инструкциите на екранот.

ЗАБЕЛЕШКА

За повеќе информации во врска со ракувањето, погледнете го "Водичот за ракување на алатката за корисничка поддршка" во компресираниот фолдер.

Ако повеќефункционалниот уред кој го користите е поврзан преку LAN, треба да ја внесете IP адресата во полето [IP адреса] за време на користењето на алатката за корисничка поддршка. Внесете ја IP адресата прикажана во чекор 4 од "Префрлување на повеќефункционалниот уред во режим на преземање."

2-4. Рестартирање на повеќефункционалниот уред
Откако ќе заврши запишувањето на фирмверот од алатката за корисничка поддршка, притиснете го копчето [Запри] на контролниот панел на повеќефункционалниот уред.
Повеќефункционалниот уред ќе се рестартира.
Ажурирањето на фирмверот заврши.
Активирајте го Canon PRINT Business и искористете го повеќефункционалниот уред чиј фирмвер е ажуриран.