За на работа

Програма за партнерство на Канон

Добредојдовте во програмата за партнерство на Канон, на Канон за Централна и Источна Европа (Канон CEE GmbH). Програмата за партнерство е основана за да ги овласти најдобрите партнери за малопродажба, во посебни деловни области за производи за канцелариска употреба (мултифункционални уреди кои не се на основа на патрони), печатење голем формат (LFP) или системи за управување со документи (DIMS).

Ние во Канон, веруваме дека успешното деловно работење зависи во целост од долгорочните врски од кои и партнерот за малопродажба и компанијата Канон ќе имаат придобивки.

За таа цел, Канон разви модел со шест точки за да обезбеди добро урамнотежено партнерство од двете страни, Канон и партнерот од доверба:
· Безбедна деловна активност.
· Безбедни пазари.
· Марка Канон.
· Безбедно вложување.
· Ефикасна комуникација.
· Поддршка од Канон.

Компанијата Канон нуди посветеност во долгорочното партнерство со своите деловни партнери, обезбедувајќи им дополнителна поддршка и суштинско вложување во нивниот развој. Програмата за партнерство на Канон има за цел да им обезбеди сигурност и доверба на крајните корисници кога тие купуваат производи на Канон и услуги од партнерите на Канон.

Доколку сакате да се придружите во мрежата на програмата за партнерство на Канон, кликнете на копчето подолу и изберете ја вашата земја. На десната страна од оваа веб-страница се наоѓаат детали за програмата за партнерство на Канон за малопродажба, додека пак левата страна ве води до информации за крајните корисници.

spacer
					image