Canon imageRUNNER 2530i

imageRUNNER 2530i

Овој компактен уред нуди евтино црно-бело печатење за мали и средни работни групи до 30 страни/копии во минута, скенирање во боја и напредна дигитална функција за испраќање. Со интуитивниот екран на допир, одличната енергетска ефикасност и изборната внатрешна единица за завршна обработка, овој уред ќе ви заштеди време и пари.

Придобивки

  • Печатење, копирање, скенирање, испраќање и изборен факс
  • До 30 стр./мин.
  • Максимален капацитет за хартија до 2.300 листови
  • Интуитивен екран на допир
  • Напредни опции за конфигурирање
  • Можност за поврзување во мрежа, PCL и изборна поддршка за PS
  • Енергетска ефикасност
  • uniFLOW и компатибилност со e-Maintenance

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER 2530i

Напредна продуктивност


Дневните побарувачки за црно-бело печатење можат да се задоволат со брзини до 30 стр./мин. и навистина брзо враќање во функција од режим на мирување. Во комбинација со капацитетот за хартија до 2.300 листови, овие повеќефункционални печатачи (MFP) се идеални за мали и средни динамични работни групи со голем обем на печатење и копирање.
Големиот екран на допир со интуитивни менија ја прави imageRUNNER 2500 серијата едноставна за користење, овозможувајќи им на корисниците да заштедат време и пари. Благодарение на функцијата за испраќање во боја, корисниците можат брзо и ефикасно да скенираат во боја на повеќе дестинации. Освен тоа, овие модели нудат практично скенирање директно на USB мемориски уред.

Контрола на трошоците


Компатибилноста со софтверот uniFLOW на Canon обезбедува поголема транспарентност на трошоците, овозоможувајќи ви следење и плаќање на одредени задачи за печатење на индивидуални лица, оддели, локации и проекти.
Компатибилноста со e-Maintenance на Canon може дополнително да го подобри времето на активна работа преку далечинско дијагностицирање, автоматско мерење и надгледување на потрошните материјали за намалување на времето за вршење административна дејност. А со плаќањето со кликнување, плаќате само за она што ќе го испечатите, а тоа ви овозможува поголема контрола на трошоците.

Безбедност


Вградената функција за безбедност го “одложува” печатењето на материјалите сè додека соодвентиот корисник не се идентификува со помош на PIN број. Тоа го спречува насобирањето на документи во излезниот фах и нивното прегледување од страна на неовластени лица. Може да се складираат до 100 одеднаш. Или, пак, ако го користите решението uniFLOW на Canon, може да направите комбинација со системи за безбедност со картички, кои на корисниците ќе им овозможат директно да пристапат и печатат задачи по нивна желба. По печатењето документите се бришат, при што се добива одлична контрола на документите.

Интегрирање во мрежа


Овој модел лесно може да се поврзе со вашата IT мрежа, како и да се интегрира во постоечките IT системи со поддршка за PCL и изборна поддршка за PostScript. Штом ја поврзете, iW конзолата за управување (iWMC) ви овозможува да го надгледувате и управувате вашиот тим, од една контролна точка.

Уште помало влијание врз животната средина


Овие модели кои се квалификуваат за ENERGY STAR® нудат една од најниските вредности на TEC (типична потрошувачка на електрична енергија)* во својата класа и трошат дури 1,5 W во режим на мирување. Високо-продуктивното двострано печатење, како стандард, ви заштедува повеќе пари и време, како и хартија.

* Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER 2530i, неговите функции и можности.