Canon imageRUNNER 1133iF

imageRUNNER 1133iF

Овој компактен повеќефункционален уред се одликува со стандардно двострано печатење на документи и Wi-Fi по избор. Можностите за заштедување на време и пари ви овозможуваат да ги исполните крајните рокови, а се разбира и да заштедите пари.

Придобивки

  • Печатење, копирање, скенирање, факс и функција за испраќање
  • Брзина на печатење до 33 стр./мин.
  • Скенирање во боја и испраќање документи на e-mail и во фолдери
  • Изборен Wi-Fi
  • 5-линиски кориснички интерфејс
  • Печатете од USB и скенирајте на USB*
  • Можност за поврзување во мрежа, PCL и PS по избор
  • Енергетска ефикасност
  • Вградено решение uniFLOW и можност за e-Maintenance

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER 1133iF

Продуктивност


Со време до излегување на првата копија од 8 секунди и печатење на 33 стр./мин., imageRUNNER 1133iF претставува компактен уред со моќни перформанси. Дизајниран да ја зголеми продуктивноста на малите фирми и работни групи, тој се одликува со мали димензии, капацитет до 1.050 листови и стандарден DADF механизам. Екранот со 5 линии е навистина едноставен за користење и заштедува време.

Скенирањето на документите се врши во боја преку механизмот за снабдување со документи, а потоа директно се испраќаат на e-mail адреси и во фолдери, при што се подобруваат работните процеси во канцеларијата и крајните резултати. Компатибилноста со решението uniFLOW на Canon овозможува користење на функцијата My Print Anywhere, со која материјалите се печатат на најсоодветниот уред на мрежата. Освен тоа, imageRUNNER 1133iF нуди практично скенирање на - или печатење од - USB мемориски уред. *

Контрола на трошоците


Компатибилноста со софтверот uniFLOW на Canon обезбедува поголема транспарентност на трошоците, овозоможувајќи ви следење и плаќање на одредени задачи за печатење на индивидуални лица, оддели и проекти.

Компатибилноста со e-Maintenance на Canon може дополнително да го подобри времето на активна работа преку далечинско дијагностицирање, автоматско мерење и надгледување на потрошните материјали за намалување на времето за вршење административна дејност. А со плаќањето со кликнување, плаќате само за она што ќе го испечатите, а тоа ви овозможува поголема контрола на трошоците.

Безбедност


Вградената функција за безбедност го “одложува” печатењето на материјалите сè додека соодвентиот корисник не се идентификува со помош на PIN број. Тоа го спречува насобирањето на документи во излезниот фах и нивното прегледување од страна на неовластени лица. Може да се складираат до 5 одеднаш. Или, пак, ако го користите решението uniFLOW на Canon, може да направите комбинација со системи за безбедност со картички, кои на корисниците ќе им овозможат директно да пристапат и печатат задачи по нивна желба. По печатењето документите се бришат, при што се добива одлична контрола на документите.

Уште помало влијание врз животната средина


imageRUNNER 1133iF може да се квалификува за ENERGY STAR®, се одликува со исклучително мала оценка за TEC (вкупна потрошувачка на струја) и троши енергија од само 3 вати во режим на мирување. Високо-продуктивното двострано печатење ви заштедува повеќе пари и време - а исто така и хартија.

Интеграција


imageRUNNER 1133iF може беспрекорно да се интегрира во вашата постоечка IT структура со PCL и изборната поддршка за PostScript. Компатибилноста со uniFLOW му овозможува на уредот да биде во чекор со сите imageRUNNER ADVANCE уреди за ефикасно справување со различните трошоци. Штом ја поврзете, iW конзолата за управување (iWMC) ви овозможува да го надгледувате и управувате вашиот тим, од една контролна точка.

*Достапно само за JPEG и TIFF фајлови
Уредот кој е прикажан на сликата погоре има изборни касети за хартија.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER 1133iF, неговите функции и можности.